Author: Author 03

„Добар ден од Минхен и добар ден од 62 Минхенска безбедносна конференција. Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата „Шварц“, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата „Шварц“ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија. Вториот состанок како продолжуваме на оној состанок во Давос го имавме со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет…

Повеќе

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има и Македонија како држава затоа што ја позиционира на една сериозна мапа во светот, но и во самата заедничка изјава со Белата куќа пишува дека најстратешкиот партнер на САД во Балканот и во овој регион е Македонија, што многу значи за потенцијалните инвеститори, економската клима за државата, но и за меѓународната позиција на Македонија“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или…

Повеќе

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот противправно присвоил платежната картичка во сопственост на лице од Кочани и во периодот од јули 2025 до ноември 2025 во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем и се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161, објави 4news.mk 800 денари.

Повеќе

Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози. На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex. Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност. Ова е најитната кампања досега.…

Повеќе

Месечината, најбрзо движечката планета, е во Јарец, каде што носи поволни можности за Јарците, Девиците и Биковите Месечината во Јарец во астрологијата често се поврзува со сериозен, одговорен и емоционално воздржан пристап кон животот. Луѓе кои не покажуваат чувства Луѓето со оваа положба на Месечината обично не ги покажуваат своите чувства лесно, но тоа не значи дека ги немаат; напротив, нивните чувства се длабоки, тие едноставно ги изразуваат преку постапки, грижа и сигурност. Тие често чувствуваат потреба за безбедност, стабилност и контрола, па затоа рано созреваат и преземаат одговорност дури и кога се млади. Дисциплина Тие имаат силна дисциплина, трпение и способност да…

Повеќе

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата. Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето. Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши…

Повеќе

Подгответе се за промена на времето. Според најавите на метеоролозите, претстојниот викенд ќе донесе влажен бран кој ќе го зафати поголемиот дел од земјата. По период на релативно стабилно време, не очекуваат врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините се очекува формирање на нова снежна покривка. Промената ќе започне во сабота во попладневните часови, со зголемена облачност и локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Веќе во недела, со спуштање на студена воздушна маса од север, границата на снежните врнежи ќе се спушти, па снег е можен и во некои од повисоките населени места. Температурите ќе…

Повеќе

Млад македонски државјанин (24) е уапсен во Белград под сомнение дека предизвикал пожар во пицерија на подрачјето на општината Палилула. Според информациите од истрагата, мотивот за инцидентот бил револт по добиен отказ од работа. Осомничениот, откако ја прекинал соработката со локалот, во текот на ноќта дошол до објектот со канистер бензин, ја полил внатрешноста и ја запалил. Она што го прави случајот уште понесекојдневен е фактот што тој целиот чин го снимил со својот мобилен телефон, а потоа видеото од пожарот им го испратил на поранешните газди. Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека лицето е приведено и му е…

Повеќе

На 12.02.2026 во 15:00 часот во Полициското одделение Јегуновце, В.Р.(57) од с.Сиричино, тетовско, пријавила дека околу 15:00 часот во селото, по кратка расправија, била физички нападната од Б.Р. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика Каја Калас денеска изјави дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност. -Сите се потписници на Повелбата на Обединетите нации. Принципите се таму. Но, што се случува ако некој ги прекрши тие принципи? Одговорноста очигледно не функционира – наведе Калас на панелот „Пресвртна точка: Меѓународниот поредок помеѓу реформата и уништувањето“ на Минхенската безбедносна конференција. Таа оцени дека и Советот за безбедност не функционира како што треба, а ОН не го одразуваат светот каков што е во моментов. -Повеќето земји во светот сакаат поредок базиран на правила, тие сакаат правила што ќе регулираат како…

Повеќе