Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови

    08.07.2026 во 09:40

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:28

    Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите

    08.07.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата
    • Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • СДСМ: Мицкоски сака да направи манипулација со 200.000 гласови од дијаспората
    • Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија
    • Ѓорѓиевски: Водно станува побезбедно и поуредно место
    • Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски на значајни средби на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција

    Мицкоски на значајни средби на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција

    13.02.2026 во 19:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Добар ден од Минхен и добар ден од 62 Минхенска безбедносна конференција. Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата „Шварц“, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата „Шварц“ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија. Вториот состанок како продолжуваме на оној состанок во Давос го имавме со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор“, изјави премиерот од Минхен.

    Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија. Понатаму, бевме дел од свеченото отворање на 62 Минхенска безбедносна конференција каде што свое значајно обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а овој дел од денот го завршуваме со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.

    На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани. Дозволете ми на крај да им честитам на македонските граѓани за онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна што пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.

    На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните 2 дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција.“, додаде премиерот.

    Прочитај повеќе

    До 10 компании ќе добијат поддршка за финансирање преку Македонската берза

    08.07.2026 во 08:13

    Top Employers Institute: Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026

    07.07.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.