- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
Author: Author 03
„ТОКИО Електрик Пауер“ (ТЕПКО) планира да ја рестартира првата единица од својата нуклеарна централа Кашивазаки-Карива, најголемата во светот, на 20 јануари следната година, изјави претседателот на компанијата Томиаки Кобајакава. Оваа недела, префектурното собрание во Ниигата, регионот каде што се наоѓа централата, даде зелено светло за делумно рестартирање на централата Кашивазаки-Карива. Ова ќе биде прв таков случај за ТЕПКО по топењето на нуклеарниот реактор Фукушима Даичи во 2011 година. Кашивазаки-Карива, која се наоѓа на околу 220 км северозападно од Токио, беше меѓу 54-те реактори кои беа затворени откако земјотресот и цунамито во 2011 година ја оштетија централата Фукушима Даичи, во најтешката…
Викендов, на 27 и 28 декември, Македонија ќе биде под влијание на изразено студен воздушен бран од североисток, кој ќе донесе значително заладување, силен северен ветер и локално провејување на слаб снег. Се очекува да дува силен ветер од северен правец, кој повремено и локално ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Ваквите услови ќе придонесат и за расчистување на воздухот, особено во котлините каде во изминатиот период беше регистрирано зголемено аерозагадување. Во Скопје и околината времето ќе биде многу студено, со услови за провејување на слаб снег во одделни делови од котлината. Северниот ветер повремено ќе достигнува брзина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, среде војна од целосен обем, остануваат заедно во одбраната на домот, семејството, традицијата и надежта за мир. „Вечерва е Бадник – време што нè потсетува на сето она што ги прави Украинците тоа што се,“ порача Зеленски, истакнувајќи дека и покрај војната, заедништвото не може да им биде одземено. Тој нагласи дека Украинците денес го бранат правото на мирен дом, семејна топлина и чувство на сигурност, додавајќи дека далечината не може да го раздели народот. „Украинците се заедно, без…
Што прави папата кога не може да спие ноќе, а дури ни молитвата не помага? Корисниците на интернет случајно откриваат тајната на Лав XIV. Понекогаш изгледа дека тој има безсони ноќи. Но што прави папата во 3 часот наутро во Ватикан? Брои овци или се моли со розариум? Корисниците на интернет забележуваат дека поглаварот на Католичката црква е буден во текот на ноќта и користи специјална апликација. Според медиумските извештаи, папата Лав се вратил на апликацијата за учење јазици Duolingo по едногодишна пауза. „Бесмислици од индустриската ера“: Правилото за 8-часовен сон е мит Ученикот ја разгледува регулативата за осум часа…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја истакна посветеноста на неговата влада на обезбедување мир и безбедност во Европа во своето божиќно видео обраќање, објави ДПА. „Овие месеци и години се за мир, безбедност и просперитет за целиот наш континент“, рече Мерц, цврст поддржувач на Украина, во видео објавено денеска. „Во овој дух, се чувствуваме посветени на Германија и Европа. Од нас зависи“, додаде тој. Германската влада ќе ја исполни својата должност и ќе работи трпеливо и упорно за да ги унапреди интересите на земјата, додаде Мерц. Во својот говор, кој траеше нешто повеќе од две минути, тој направи преглед на годината…
Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар, каде видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патот. Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За подетални информации,…
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека е во тек рокот за поднесување Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-П www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1166/89-19-DLD-P_07.05.2019.pdf) за 2026 година. Паушалното оданочување, како што велат, претставува режим на поедноставено оданочување при кој даночните обврзници немаат обврска да водат деловни книги и деловна евиденција. -Во рамки на овој режим, обврзникот не поднесува даночни пријави и даночни биланси, туку данокот се пресметува и плаќа во паушален износ, утврден од страна на Управата за јавни приходи со даночно решение, врз основа на законски утврдени критериуми како што се: видот на дејноста, локацијата, очекуваните приходи и други релевантни…
Бугарија е подготвена да интервенира со итни испораки на мазут за Северна Македонија, откако земјава прогласи кризна состојба поради прекинот во снабдувањето предизвикан од блокадите на грчките земјоделци. Ова е понудата што техничката влада во Софија ја испрати до македонските власти. Понудата следи откако по налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, била извршена итна проверка на државните резерви во Бугарија.
Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 контроли на територијата на Македонија, од кои 200 биле направени во регионот на Скопје. Најголемиот дел или 1263 се редовни инспекциски контроли, а 110 биле ненајавени. Според податоците на Државниот инспекторат за животна средина, кои се јавно достапни, Во ТИТАН Усје биле направени 5 контроли од страна на Инспекторатот, од кој 2 редовни и 3 вонредни инспекциски контроли. При овие контроли во ТИТАН Усје не биле констатирани никакви неправилности. Неделни извештаи – Државен инспекторат за животна средина, Шест месечни извештаи – Државен инспекторат за животна средина. Во 2024 година Инспекторатот направил 1535…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со ова се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје. Во прлилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: Конечно, по долг период на застој, продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“, со што ќе се пушти во употреба мостот во Карпош Довербата што ја добив од граѓаните е обврска…
