- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 03
Унгарскиот премиер Виктор Орбан преку социјалната мрежа „Икс“ (X) упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека патот кон Европската Унија не го диктираат земјите кандидати, туку земјите членки. Реакција на барањата на Киев за „фиксен датум“Орбан реагираше на изјавата на Зеленски, кој побара Украина технички да биде подготвена за влез во ЕУ до 2027 година и инсистираше на добивање точен датум за пристапување. „Претседателе, на погрешен пат сте. Пристапувањето во ЕУ е процес што се темели на заслуги. Земјите членки поставуваат услови, а не земјите кандидатки“, напиша Орбан. „Членството на Украина носи војна, а не мир“Унгарскиот лидер…
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дефинитивно нема намера да се врати во политиката, овојпат како претседател на државата. Извори блиски до неа и официјални претставници ги отфрлија ваквите гласини, нарекувајќи ги неосновани и целосно надвор од реалноста. „Апсурдни шпекулации“ Иако во одредени политички кругови и медиуми се појавија наводи дека Меркел би можела да биде идеалниот наследник на актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, одговорот од нејзиниот тим е дециден. Гласините беа кратко и јасно оценети со еден збор: „Апсурдни“. Мирен живот по 16 години на власт Меркел, која ја предводеше Германија цели 16 години, по повлекувањето од канцеларската функција во повеќе…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси. Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој. Првиот заменик-претседател Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите…
Најмалку 21 човек загинаа во бродолом во северниот дел на Судан. Бродот, што сообраќал по Нил и превезувал 30 патници, синоќа потона поради високите бранови. Спасувачката мисија сè уште трае и се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем. Бродоломот го преживеаја шест луѓе. Бродските несреќи се чести во Судан, бидејќи има малку мостови, а Нил, особено во селските подрачја, најчесто се преминува со чамци и бродови.
Болката и чешањето во градите се релативно чести појави и најчесто не укажуваат на сериозен здравствен проблем. Во многу случаи тие се поврзани со природни хормонални промени, особено во периодот пред менструација, за време на бременост или при промени во телесната тежина. Тогаш ткивото на градите станува почувствително, што може да предизвика непријатност. Причина за ваквите симптоми можат да бидат и алергиски реакции на козметички производи, детергенти или парфеми, како и сува кожа или механичко триење од несоодветен градник. Кај жените кои дојат, болката и чешањето понекогаш се појавуваат поради затнати млечни канали, иритација или инфекција. Дополнително, потењето и задржувањето…
Приведено е лицето кое ја прегази и ја усмрти 75 годишната жена Љ.Ј. на улицата Народен фронт во скопски Центар. Лицето е приведено во Врање, Србија, ексклузивно во „Претрес со Ландов”, откри адвокатот Звонко Давидовиќ, пренесува Скопје1. Осумнаесет годишното лице, кое со возило тешко ја повредил жената, избегал од местото на несреќата, оставајќи ја беспомошна на коловозот, заедно со неговиот татко било пренесено преку граница од роднини. „Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија.Најверојатно е приведен и неговиот татко”, вели Давидовиќ кој е бранител на роднините кои ги пренеле таткото и синот преку граница. „Им верувам на моите клиенти…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот М.С. во период од 01.01.2025 до 30.06.2025 присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓаните-баратели на услуги за издавање на патна исправа, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи во МВР, барал од…
Тепачка меѓу возач на тротинет и автомобил во центарот на Скопје
„Се извинувам ако некој од граѓаните се почувствувал навредено “, рече Билал Касами, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во врска со коментарите од јавноста откако се појави на лидерската средба во луксузен автомобил „БМВ Х7“. Касами рече дека автомобилот му припаѓа на негов братучед и дека го користи и Движењето Беса. „Јас лично возам автомобил што припаѓа на моите родители и немам личен автомобил. Дури и во општината го користиме автомобилот на партијата, односно на Движењето Беса. Јавноста знае дека сум бил на вакви состаноци и во други прилики, без разлика дали во Владата или на состаноци на лидери со…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека консолидацијата и внатрепартиското единство се клучни предуслови за зајакнување на СДСМ и за успешна борба против оваа власт. Тој нагласи дека нема да дозволи внатрепартиски поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ. -Има некои луѓе кои што се амбицираат како некоја групација, меѓутоа не сакаат да дојдат и да разговараат, не сакаат да ги соочат аргументите, затоа што аргументи немаат. Затоа што се платени од ВМРО-ДПМНЕ на кои што проектот ЗНАМ веќе им пропадна, и не може да сметаат повеќе…
