Author: Author 03

Празничниот продолжен викенд ги оптовари граничните премини во државата. Голем дел на македонски граѓани решија да го искористат сонцето и слободните денови и да заминат за Грција. Во изминатите 24 часа, 6.864 граѓани заминале за Грција преку граничниот премин Богородица. „На граничниот премин Богородица од 09.04.2026 од 12:00 часот до 10.04.2026 до 12:00 часот влез во државата оствариле 1394 македонски државјани а излез оствариле 6864 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 4753 а ја напуштиле нашата држава 5070 лица“, велат од МВР за Пресс24. Но поголема гужва е на Табановце.…

Повеќе

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети. Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени. После тоа, на приземјето…

Повеќе

Ова што се случува е повеќе од разочарување – ова е отворено предавство кон секое достигнување за кое се жртвувало со децении. Секогаш кога мислиме дека го допреле дното, тие наоѓаат нов начин да паднат уште подолу. Предлог-законот за „правична и соодветна застапеност“, изработен од Каракамишева и гласно поддржан од ВЛЕН, не е напредок -туку брутален регрес, реагираат денеска од ДУИ. Предлогот што циркулира во медиумите: • не предвидува етнички квоти, што значи дека повторно ќе продолжиме како пред 2001 година кога Албанците беа само 0,2% во администрацијата; • не предвидува обврска институциите да ги идентификуваат граѓаните по етничка основа…

Повеќе

Во обид за деескалација на тензиите во регионот и стабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток, американскиот потпретседател денеска заминува во ненајавена посета на Пакистан. Според првичните информации, тој ќе предводи висока делегација чија примарна цел е воспоставување канал за директни преговори со иранските власти. Клучен потег за регионален мир Оваа посета се смета за еден од најважните дипломатски потези на администрацијата во Вашингтон во последно време. Пакистан, поради својата географска положба и историските врски со Техеран, е избран како неутрален терен каде што американската делегација ќе се обиде да ги отвори клучните теми поврзани со нуклеарната програма, регионалната безбедност и…

Повеќе

Во пресрет на велигденските празници, Општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија. Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници. Акцијата има за цел да обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани и да придонесе празничните денови да бидат исполнети со достоинство, топлина и грижа за сите. „Во духот на Велигден – празник на надежта, солидарноста и човечноста, важно е да покажеме дека…

Повеќе

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, градот Гостивар доби свечен и топол празничен изглед. Централните улици, плоштадот и повеќе јавни простори се украсени со симболи на Велигден, разнобојни декорации и светлосни елементи кои создаваат посебна атмосфера за сите граѓани. Од Општина Гостивар информираат дека украсувањето на градот не е само естетски чекор, туку носи и подлабока порака. „На ваков начин сакаме да испратиме порака дека во нашиот град се почитуваат различностите, а соживотот и заедништвото на нашите граѓани да дојде до израз. Освен тоа, ова придонесува и во создавањето на празнична атмосфера“, наведуваат од службата за информирање. Граѓаните веќе…

Повеќе

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Тендерот за набавка на нови автобуси траеше до понеделникот, согласно закон мораме да почекаме дали нешто ќе стигне по пошта и веднаш по завршување на Велигденските празници ќе влеземе во евалуација. Согласно закон она што можам да го кажам до овој момент, е дека имаме 4 понуди, рече Николоски. Според предвидените услови…

Повеќе

Популарната платформа за кратки видеа, TikTok, објави дека презела сериозни чекори за заштита на интегритетот на изборниот процес во Бугарија. Компанијата потврди дека успешно затворила 34 лажни профили и мрежи кои биле директно поврзани со координирани активности за ширење дезинформации и политичко влијание врз бугарското гласачко тело. Кампања за дезинформации под лупа Според извештајот на TikTok, овие профили функционирале како дел од организирана операција, користејќи софистицирани техники за зголемување на видливоста на одредени политички наративи. Целта била да се креира лажна перцепција за поддршката на одредени политички актери и да се влијае врз јавното мислење непосредно пред изборниот ден. Платформата…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изрази резерви во однос на иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик, нагласувајќи дека во правото клучна е прецизноста на јазикот и јасноста на изразувањето. Говорејќи на оваа тема, таа посочи дека ќе се воздржи од конечен став, но предупреди дека правниот јазик има специфична тежина и директно влијае врз квалитетот на судските одлуки. „Во правото постои поимот правен јазик. Важни се прецизноста и јасноста, бидејќи од тоа зависи квалитетот на пресудата. Многу е невообичаено на национално ниво во судските постапки да има во оптек повеќе јазици“, истакна…

Повеќе