Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации

    24.09.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема промена од 1 ноември: Црна Гора го укинува безвизниот режим
    • Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: „Мерцедес“ удри во инвалидска количка, тешко повреден маж
    • Филмска кражба во Кочани: Крадец затекнат од сопственикот додека му ја пребарувал собата
    • Брат ми дојде кај мене дома ме нападна и ми се закани – млад кавадарчанец заврши во полиција
    • Тешко повреден 24-годишник, возел мотоцикл во дворот по што изгубил контрола и паднал
    • Скопјанец измамен за над 330 илјади денари: Договорил изградба на куќа, па останал без пари и без контакт со изведувачот
    • „Внук ми ме натепа“ – Загрижен скопјанец се јавил во полиција
    • Детали за земјотресот кој вечерва ја стресе Македонија – познат епицентарот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Страв ми е да не се загубиме во преводот: Претседателката за полагање правосуден испит на албански јазик

    Страв ми е да не се загубиме во преводот: Претседателката за полагање правосуден испит на албански јазик

    10.04.2026 во 12:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изрази резерви во однос на иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик, нагласувајќи дека во правото клучна е прецизноста на јазикот и јасноста на изразувањето.

    Говорејќи на оваа тема, таа посочи дека ќе се воздржи од конечен став, но предупреди дека правниот јазик има специфична тежина и директно влијае врз квалитетот на судските одлуки.

    „Во правото постои поимот правен јазик. Важни се прецизноста и јасноста, бидејќи од тоа зависи квалитетот на пресудата. Многу е невообичаено на национално ниво во судските постапки да има во оптек повеќе јазици“, истакна Сиљановска-Давкова за ТВ21

    Како што нагласи, посебна загриженост претставува можноста за формирање одделни комисии за полагање правосуден испит по јазична основа.

    „Не може да има една комисија за кандидати Македонци и друга за кандидати Албанци. Тоа е невозможно и компаративните искуства покажуваат дека може да доведе до ризици“, рече претседателката.

    Во своето излагање, таа се осврна и на законската рамка, потенцирајќи дека покрај Закон за употреба на јазици, постои и Закон за употреба на македонски јазик, според кој секој граѓанин има право и должност да го познава македонскиот јазик, а институциите се должни да го користат.

    Сиљановска-Давкова истакна дека има разбирање за употребата на службен јазик, но потсети дека судовите имаат можност директно да го применуваат Уставот и да не применат законска одредба доколку оценат дека е спротивна на највисокиот правен акт.

    Таа потсети и на уставните одредби произлезени од Охридски рамковен договор, кои гарантираат право на превод во судските постапки.

    „Во кривичната и граѓанската постапка, секоја странка има право на превод на државен трошок. Но, ако постапките, пресудите и иницијативите се на македонски јазик, тогаш за да се донесе релевантна одлука, неопходно е тој јазик да се познава и да се комуницира на него“, подвлече претседателката.

    На крајот, таа порача дека главната дилема останува поврзана со можноста од недоразбирања во правниот процес.

    „Мојот страв е да не се најдеме изгубени во преводот“, заклучи Сиљановска-Давкова.

    Прочитај повеќе

    Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: „Мерцедес“ удри во инвалидска количка, тешко повреден маж

    24.09.2026 во 23:33

    Филмска кражба во Кочани: Крадец затекнат од сопственикот додека му ја пребарувал собата

    24.09.2026 во 23:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.