Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР за Пресс24: Над 16.000 македонски државјани ја напуштиле земјата преку Табановце и Богородица

    МВР за Пресс24: Над 16.000 македонски државјани ја напуштиле земјата преку Табановце и Богородица

    10.04.2026 во 13:483 Mins Read
    Прингскрин: grcka info / Состојбата на ГП Богородица вчеравечер
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Празничниот продолжен викенд ги оптовари граничните премини во државата. Голем дел на македонски граѓани решија да го искористат сонцето и слободните денови и да заминат за Грција.

    Во изминатите 24 часа, 6.864 граѓани заминале за Грција преку граничниот премин Богородица.

    „На граничниот премин Богородица од 09.04.2026 од 12:00 часот до 10.04.2026 до 12:00 часот влез во државата оствариле 1394 македонски државјани а излез оствариле 6864 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 4753 а ја напуштиле нашата држава 5070 лица“, велат од МВР за Пресс24.

    Но поголема гужва е на Табановце. 9.150 македонски државјани во изминатите 24 часа на овој граничен преми.

    „На граничниот премин Табановце од 09.04.2026 од 12:00 часот до 10.04.2026 до 12:00 часот влез во државата оствариле 3158 македонски државјани а излез оствариле 9150 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 7360 а ја напуштиле нашата држава 5449 лица“, дополнуваат од МВР.

    На граничниот премин Дојран од 09.04.2026 од 12:00 часот до 10.04.2026 до 12:00 часот влез во државата оствариле 241 македонски државјани а излез оствариле 546 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 1212 а ја напуштиле нашата држава 1114 лица.

    На граничниот премин Меџитлија од 09.04.2026 од 12:00 часот до 10.04.2026 до 12:00 часот влез во државата оствариле 129 македонски државјани а излез оствариле 832 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 3347 а ја напуштиле нашата држава 3038 лица.

    За потсетување, од денеска започна со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ.

    Со воведувањето на овој систем, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

    Од страна на МВР се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини, објаснуваат од полицијата.

    Г.Л.

    Прочитај повеќе

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.