Author: Author 03

Шест мигранти биле пронајдени во автомобил синоќа на автопатот Скопје – Куманово, а возачот бил лишен од слобода, информира денеска Министерството за внатрешни работи. – Околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје – Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К., на возраст од 33 години од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица, мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир, се вели во соопштението од МВР. Претходно, на наплатната станица „Романовце“, О.К. тој не застанал на даден знак од полициските службеници. Но, по преземени мерки, возилото е пронајдено, О.К. е…

Повеќе

На 23.02.2026 во 08:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Х.В.(52) од Индонезија. Таа се сомничи дека на 21.02.2026 околу 19:15 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, од вработена во објектот одзела мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. На 19.02.2026 во Полициската станица Битола, додека со него се вршел службен разговор, оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.

Повеќе

-Вчера се разбудивме со веста дека Артан Груби е уапсен. Всушност, тој сам се пријави на граничниот премин. Мора да се прави разлика помеѓу самопријавување и уапсување, што медиумски беше прикривано“, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тенчевска, на гостувањето во „Топ Тема“ на Телма. Таа нагласи дека постојат сериозни сомнежи за дил со ВМРО, нешто за што СДСМ уште пред два месеци предупредуваше. „Лицата кои го приведоа на границата не беа од граничната полиција, туку други службени лица. Тоа упатува на можност за договор или координација, што остава сомнеж за вмешаност на политички кругови. Човек кој побегнал од државата, бил…

Повеќе

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на денешниот состанок на Владиниот совет за економска политика, најави ново усогласување и зголемување на минималната плата. Конечната одлука за износот на покачувањето се очекува да биде донесена на владина седница кон крајот на март. Мицотакис истакна дека Грција мора да ја задржи динамиката на економски раст над европскиот просек, истовремено фокусирајќи се на рекордно намалување на невработеноста. Според соопштението од кабинетот на вицепремиерот Костис Хаѕидакис, владината стратегија за тековната година е поделена во неколку столба: Поддршка на животниот стандард: Примарна цел останува заштитата на приходите на домаќинствата и намалување на трошоците за живот, објави 4news.mk…

Повеќе

Големо свлечиште на патниот правец Либражд – Прењас предизвика целосна парализа на сообраќајот кон југоисточна Албанија, директно влијаејќи врз граничниот промет со Македонија. Дел од коловозот на релацијата Ќафасан – Елбасан е целосно уништен, а сериозните оштетувања и поместувањето на клучниот мост кај Прењас доведоа до долготраен прекин на движењето. На граничните премини со денови чекаат десетици товарни возила, додека надлежните се обидуваат да најдат алтернативни правци за тешкиот транспорт. Алтернативни правци и препораки Поради сериозноста на ситуацијата, воведени се следниве препораки за возачите: Долготрајна санација и политички обвинувања Од Агенцијата за патишта предупредуваат дека поправката нема да биде брза.…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во Тема на денот на ТВ Сител посочи дека првите 100 дена од неговиот мандат започнале со конкретни инфраструктурни зафати и реализација на ветените проекти. Меѓу првите активности е реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“, на потегот од Министерството за култура до булеварот „Партизански одреди“, во населбата Дебар Маало. Проектот се реализира во соработка со Светската банка и претставува значаен инфраструктурен зафат за овој дел од Центар. „Годината ја започнуваме со конкретни градежни активности. Ова е важна улица за жителите на Дебар Маало и за сите граѓани кои секојдневно ја користат. Реконструкцијата ќе се одвива…

Повеќе

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ги слушна забелешките на академската заедница во однос на Предлог-законот за високо образование и Законот за квалитет во високото образование. Ова е петта јавна расправа организирана од Министерството за образование и наука, а во текот на оваа недела треба да се одржат уште две дебати. Јаневска изјави дека по завршување на јавните расправи ќе следува период на разгледување и корекција на прифатливите забелешки, по што законското решение ќе биде поставено на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дополнителни консултации со академската јавност, а потоа ќе влезе…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид. Според извештаите, потресот е регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри. Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Повеќе

Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија се осврна на одредената мерка куќен притвор за Артан Груби, и нагласи дека не станува збор за преземено судство или пак договор, како што инсинуира опозициската партија СДС, туку дека истата мерка е одлука на обвинителството. „Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство, по предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската…

Повеќе