Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”

    29.10.2026 во 08:55

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот

    Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот

    11.04.2026 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

    Како што информираат од МВР во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден“, во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: булеварит „Партизански Одреди“ од крстосница со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосница со булеварор „ВМРО”; булеварот „Св.Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улицата „Димитрие Чуповски” и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со улицата „9-ти Мај” до кружна крстосница со улицата „Св. Кирил и Методиј”.

    На возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по булевар „Илинден” и преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центар ќе се движат по улуцата „М.Т.Гологанов” па преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди” и во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

    Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори улицата „Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со булевар „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“.

    Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

    Од МВР информираат дека по потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

    Прочитај повеќе

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43

    Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција

    29.10.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.