Author: Author 03

Депонијата во Општина Арачиново чади со денови. Густиот чад оди директно кон куќите. Жителите велат дека стравуваат за здравјето, пренесува ТВ Телма. Жителите за овој проблем немаа храброст да зборуваат пред камерите, но зад нив гласно коментираа дека воздухот е постојано загаден од депонијата која постојано гори и велат дека сметаат дека тоа влијае негативно врз нивното здравје. Ги повикаа надлежните да делуваат. По одговори за овој проблем се упативме во Општина Арачиново, но оттаму нè препратија во комуналното претпријатие. Директорот во одговор за Телма вели дека веднаш го пријавиле чадот до надлежните институции. Надлежните во општината Арачиново, нејзиното комунално…

Повеќе

Девет лица беа приведени по масовна тепачка со ножеви и дрвени предмети на Осломешка крстосница во Кичево. Инцидентот се случил околу 01:30 часот, кога дошло до меѓусебна физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што биле употребени ножеви и дрвени предмети. Во тепачката две лица се здобиле со расекотини и повреди. Полицијата привела деветмина учесници – млади лица од Прилеп, Битола и Кичево. Тие биле лишени од слобода неколку часа подоцна, околу 03:40 часот, од страна на полициски службеници од ОВР Кичево. – Полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Д.А.(20) од Прилеп, С.Џ.(27) од Прилеп, С.Џ.(19) од Прилеп,…

Повеќе

Во пресрет на претстојните велигденски празници, украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати порака за мир, потврдувајќи дека Украина е подготвена да го почитува привремениот прекин на огнот. Овој потег доаѓа како одговор на апелите за примирје со цел да им се овозможи на цивилите и на верниците да ги одбележат празниците во мирна атмосфера. Дипломатија пред оружјето Зеленски истакна дека иако состојбата на фронтот останува тензична, Украина се залага за хуманитарни паузи кога станува збор за клучни верски датуми. Иако претходните обиди за трајно примирје беа обележани со меѓусебни обвинувања за прекршувања, Киев овој пат изрази подготвеност да се воздржи од…

Повеќе

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што информираат од МВР утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: булеварит „Партизански Одреди” од крстосница со улицата „Франклин Рузвелт” до крстосница со булеварор „ВМРО”; булеварот „Св.Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со…

Повеќе

Велики петок, денот на Христовото распнување, се смета за најтежок и најтажен ден во христијанството, симбол на страдањето, жртвата и тишината што му претходи на Воскресението, кое верниците го слават на Велигден. Сите четири евангелија сведочат дека Исус Христос бил погубен на крст во петок, откако бил предаден од свој ученик, а според новозаветните записи, самиот го носел крстот до местото на погубување надвор од градските ѕидини, со круна од трње ставена на главата. Токму овој чин го претвора крстот во централен симбол на христијанската вера. За верниците, смислата на овој ден не е само во страдањето, туку и во…

Повеќе

По повод Велигденските празници и продолжениот викенд се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено кон туристичките места, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата. Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот. Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот. Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен:– Почитувајте ги прописите и правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација– Не управувајте возило под дејство…

Повеќе

Пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ вчера во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ рече дека ги испочитувал партиските процедури околу јавните настапи и ја информирал партијата дека е повикан на интервју, но оттаму не му одговориле. На прашањето дали има одобрение од Извршниот одбор на СДСМ за неговото гостување, Ковачевски во шега рече: „Па, ги информирав, но никој не ми врати назад дали може да дојдам или не. Така да, вие веќе најавивте“.

Повеќе

Од денеска, 10 април, Европската унија целосно го активира Системот за влез/излез (EES – Entry/Exit System). Овој нов дигитализиран систем ги менува правилата за патување за сите државјани кои не се членки на ЕУ, воведувајќи построга, електронска евиденција на сите гранични премини – копнени, пристанишни и аеродромски. Што значи воведувањето на EES системот? Главната цел на EES е модернизација на граничната контрола. Наместо стандардното удирање печати во пасошот, системот автоматски ќе ги регистрира влезовите и излезите на патниците, користејќи биометриски податоци: Системот овозможува прецизно следење на правилото за краткорочен престој – 90 дена во период од 180 дена. Со овој…

Повеќе

Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот “Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40% на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70%, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна во гостувањето во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Во однос на активноста, изградбата на вакви проекти не е прашање на визуелизација, туку е прашање на факти и бројки. Споредбено, декември 2024 година биле завршени работи…

Повеќе

Малите дела создаваат голема надеж. Никој не е заборавен! Во пресрет на најрадосната вест за нас христијаните, Воскресението Господово, најважно е таа радост да ја споделиме со другите, да си подадеме рака кога е најпотребно и да останеме заедно и во добро и во тешко. Големи денови се пред нас, а човечката големина не се мери со зборови, туку со дела. Токму затоа, денес, заедно со моите колеги, градоначалниците на Гази Баба и Ѓорче Петров, Бобан Стефковски и Александар Стојкоски, посетивме неколку семејства од социјален ризик, информираше градонаачалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи. Им поделивме пакети со…

Повеќе