Author: Author 03

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но граѓаните треба да се подготват за промена во вечерните часови. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за појава на повремен локален дожд. Претпладнето ќе биде тивко, додека во попладневните часови ќе почне да дува слаб до умерен ветер. Во западните делови ветерот ќе биде од западен правец, додека во источните предели и долж Повардарието ќе дува умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Температурите ќе се движат во широк интервал: Во Скопје се очекува сончево време со умерена…

Повеќе

По тунелот од Скопје кон Велес кај Катланово има голем одрон на една лента. Паѓаат камења и е опасно. Од страна на Центарот за управување со кризи, случајот е пријавен во ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, како и во МВР – во нивниот оперативен центар.

Повеќе

Карамбол на патот Штип-Скопје. Утрово сум возила се судрија едно по друго. Повредени се вкупно девет лица. Со возила на Итната медицинска помош се пренесени ви штипската болница. Двајца се посериозно повредени, останатите поминале со полесни повреди. Искршени шофершајни, парчосани браници и делови расфрлани по автопатот – ваква слика ги пречека екипите на терен. На местото на несреќата затекнавме осум оштетени автомобили. Најголемиот дел со сериозни материјални штети – искршени стакла, вдлабнати врати и уништени браници. Остатоци од возилата и скршено стакло со часови останаа на коловозот, додека екипи работеа на расчистување на теренот. Неофицијално, според првичните информации, причината за…

Повеќе

Откако доби и плати казна за надминување на дозволената брзина, професорот по кривично право Гордан Калајџиев повторно го отвори прашањето за ефектите од проектот „Сејф сити“. Тој реагираше на јавните критики упатени кон оние што изразуваат резерви за системот, посочувајќи дека дебатата не треба да се сведува на етикетирање. „И така дознав дека ние што имаме некакви забелешки за Безбеден град всушност сакаме да газиме деца по улици, објави 4news.mk Искрено, шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано. Пс. Системот се разбира само ги намали брзините, но и натаму не влијае врз пешачките премини, пијаните возачи…“,…

Повеќе

Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, по што беше спроведен на распит во Обвинителството. Заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, Груби беше осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати. Груби се бараше со меѓународна потерница, а му беше определен 30-дневен притвор…

Повеќе

Без да каже збор, ниту да одговори на прашања, поранешниот вицепремиер Артан Груби го напушти скопското Обвинителство по шест часа распит. Тој беше спроведен од затворската полиција и со лисици на раце. Новинарите го прашуваа и во Обвинителството и пред судот, зошто се врати, дали чувствува одговорност – но Груби, како никогаш досега, со молк се движеше кон полициското комбе, а потоа и надвор од него пред судот. објави Скопје1.мк. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) воведува значајна новина за граѓаните кои го користат јавниот превоз. Од денеска, патниците можат со неколку клика онлајн да ја надополнат својата картичка „Скопска“ со нови билети или со парични средства. Новата функционалност е достапна преку официјалната веб-страница skopjebus.mk, што овозможува брзо и едноставно користење на услугите без потреба од физичка посета на продажно место. Од ЈСП Скопје соопштуваат дека ова е голем чекор напред кон модернизација на нивните услуги: „Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ директно преку нашата официјална веб-страница…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп упати брутално директно предупредување до земјите членки на БРИКС, барајќи од нив итна заложба дека нема да креираат нова заедничка валута ниту ќе поддржат друга алтернатива за замена на американскиот долар во меѓународната трговија. Трамп порача дека доколку овие земји продолжат со плановите за дедоларизација, ќе се соочат со казнени царини од 100% за сите производи кои ги извезуваат во САД. Во својот препознатлив стил, тој беше дециден во пораката објавена на неговата социјална мрежа: „Бараме посветеност од овие земји дека нема да создадат нова валута на БРИКС, ниту пак ќе поддржат која било друга валута…

Повеќе

Германија се соочува со сериозен ризик од поплави во наредните денови. Неколку реки и потоци веќе се излеаја од своите корита, а метеоролозите предупредуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши поради комбинацијата на обилни врнежи и забрзано топење на снегот. Критични точки и временски прогнози Според Германската метеоролошка служба (DWD), најзагрозени се јужните и источните делови на земјата. Се предвидува дека количеството на врнежи и истекување може да достигне до 80 литри на квадратен метар. Главната причина за ваквата состојба е „двојниот удар“ од природата: Кои региони се најзагрозени? Најголем ризик од поплавување на патишта, подвозници и ниви постои…

Повеќе