Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најтешкиот ден во годината за христијаните: Велики Петок

    Најтешкиот ден во годината за христијаните: Велики Петок

    10.04.2026 во 10:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос.

    Велипеток се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото

    Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

    Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала.

    Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

    Обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

    Одлуката за погубувањето на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот), а тој бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок.

    По импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја, кој го предал на народот, кој пак го осудил на смрт. Откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: „Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”.

    Разбеснетиот еврејски народ кој го барал христовото распнување и смрт извикувал: „Крвта негова на нас и на нашите деца”.

    Потоа, со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота, каде што е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: „Оче, прости им зашто не знаат што прават”.

    Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

    Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

    Обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

    Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

    За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

    Прочитај повеќе

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.