Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

    Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

    09.04.2026 во 22:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела навремени мерки за заштита на економијата и стандардот на граѓаните, а сега нема капацитет да се справи со ценовните шокови и кризата.

    „Она што ме чуди е како една демохристијанска партија како ВМРО-ДПМНЕ пред Велигден им вика на своите граѓани: ’Ај да видиме, ај да ве ставиме во искушение, дали ќе издржите и овој Велигден со ценовен шок, па после Велигден можеби ќе интервенираме за цени.‘ Тоа малку ми личи контрадикторно за демохристијани. Владата не е таа која треба да го става во искушение народот дали ќе издржи со повисоки цени, па ќе му каже дека имаме најмала инфлација“, рече Битиќи.

    Тој потенцираше дека владата не презеде ниту една антиинфлациска мерка, а уште во првите 30 дена по почетокот на кризата, кога сè уште спиралата на притисокот на цените не е стигната, имаме скоро 5% инфлација.

    „Вчера имавме две законски решенија предложени од СДСМ во Собранието, кои директно се антиинфлациони решенија, за да се направи предвидливост кај граѓаните и стопанството, но валста ги одби. Тоа е намалување на ДДВ-то од 18% на 5% за енергенсите и плус дополнително намалување на акцизата. Не за месец дена, не за 3 недели, не за 40 дена, туку системско намалување, законски, на акцизата кај сите енергенси во подолг временски период, но треба да бидат ралени и да си кажат: владата тоа не може во овој момент да си го дозволи, затоа што приходите се на дното“, истакна Битиќи.

    Битиќи се осврна и на инфлацијата, за која Мицкоски вика: „Ние сме петти во Европа по најниска инфлација.

    “ Инфлацијата  4,9%. И тоа е реалноста. Во март 2026, наспроти 2025, е 4,9%. Но, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е 7,6%. Во овој момент владата нема фискален капацитет за да ги намали своите приходи, затоа што не може да ги сервисира своите услуги како држава. Пример за тоа е зошто не се намалува продажбата на енергенси за странците. Затоа што сè тоа се дополнителни непланирани приходи во буџетот, кои итекако се добредојдени за владата“, заклучи Битиќи.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.