Author: Author 03

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видеоснимка од обидот да се запали синагогата во Скопје. 🇲🇰 Skopje, North Macedonia, April 12, 2026: According to local reports, an arson attack targeted the entrance of a synagogue and Jewish community building early this morning.Two individuals set fire to the door before fleeing. pic.twitter.com/DJBVSa7ax3— Combat Antisemitism Movement (@CombatASemitism) April 12, 2026 „Длабоко вознемирувачки антисемитски инцидент во Северна Македонија, прв од 1945 година, ги погодува самите вредности на соживот што ги почитува еврејската заедница. Јас сум на страната на заедницата и ги повикувам македонските власти да ги изведат одговорните пред лицето на…

Повеќе

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) на неговата веб страница. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –…

Повеќе

Победата на опозицискиот лидер Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија продолжува да ги привлекува погледите на регионалните лидери. Меѓу првите кои јавно се огласија е српскиот претседател Александар Вучиќ, кој упати честитки до новиот унгарски лидер. Овој потег доаѓа во момент кога Унгарија ја затвора една од најдолгите политички епохи во поновата историја, обележана со 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Со проектираното уставно мнозинство од 135 пратенички места, партијата „Тиса“ на Маѓар се подготвува за длабоки внатрешни реформи и промена на надворешнополитичкиот курс на државата. Честитката од Вучиќ се толкува како обид за одржување на стабилни добрососедски односи, без…

Повеќе

Вознемирувачка вест ја потресе јавноста во Велика Горица. Во станбена зграда во самиот центар на градот, во непосредна близина на полициската станица, се случи двојна трагедија – мајка си го одзеде животот скокајќи од шестиот кат, откако претходно ја убила својата 17-годишна ќерка. Полициските екипи и форензичките експерти со часови го обезбедуваа местото на настанот, каде беше поставен и истражен шатор. По извршениот увид во станот, пронајдено е телото на малолетничката, а првичните наоди укажуваат на насилна смрт. Соседите во шок: „Ваков хорор не паметиме“ Жителите на зградата и локалното население се во неверување. За нив, настанот е апсолутно неразбирлив,…

Повеќе

Иако сме во средината на април, Попова Шапка денеска осмна во зимски амбиент. Според најновите мерења, на популарната туристичка дестинација е формирана снежна покривка од 25 сантиметри. Снегот, кој паѓаше во текот на изминатата ноќ и утрото, предизвика вистинско изненадување за посетителите, кои деновиве уживаа во пролетното време. Снежните наноси и ниските температури создадоа услови типични за зимските месеци, па планината повторно доби зимски пејзаж. Надлежните апелираат до сите возачи кои планираат да се упатат кон Попова Шапка да бидат крајно внимателни, бидејќи патот е лизгав, а условите за возење се променети. Се препорачува задолжително користење на зимска опрема, иако…

Повеќе

Венко Филипче и актуелното раководство на СДС, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Такви матни крими партнери Заев има повеќе. Меѓу нив се сомнителни имиња на некои бизнисмени како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски. Еден од последните случаи за кои Филипче должи одговор е зделката Заев-Дака. Или во 2020 година со амин на владата тогаш предводена од Заев се менува урбанистичкиот план во Тетово со што на контроверзниот бизнисмен Дака му се овозможува…

Повеќе

Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ ја поздрави победата на опозицискиот лидер Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија, оценувајќи ја како важен сигнал за демократските процеси во Европа. Од партијата истакнуваат дека промената на власта во Унгарија е значаен момент, а соработката меѓу двете земји во претстојниот период треба да се гради врз цврсти темели на меѓусебно почитување и споделување на европските принципи. Во својата официјална честитка до новиот унгарски лидер, од „ЗНАМ“ порачаа: „Победата на Петер Маѓар е сигнал за потребата од зачувување на демократските процеси. Соработката со Унгарија во иднина треба да се темели на споделување на…

Повеќе

Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник. Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верниците ги посетија црквите, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба во домот и на своите најблиски. Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени Велигденски…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави го одбележал најголемиот христијански празник – Велигден. „Попладнево, заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, го одбележавме најголемиот христијански празник – Велигден, празник на надежта, верата и заедништвото“, напиша Муцунски. Тој информираше дека заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги посетиле црквите „Св. Никола“ во Тотова, Њу Џерси и „Св. Кирил и Методиј“ во Сајдер Гроув, Њу Џерси. Муцунски посочи дека присуството меѓу иселениците на овој голем празник претставува силна порака за поврзаноста…

Повеќе

„Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме.Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ а со него и Мицкоски. Време е за демократија! СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот и Македонија конечно ќе ја врати на европскиот пат. Демократијата и Европа победуваат.“, стои во реакцијата на лидерот на…

Повеќе