- Утрово измерени -4 степени, делови од Македонија се разбудија со минусни температури
- Патувањето за Грција скапо ќе ве чини – не тргнувајте на пат доколку не сте подготвени за новите правила
- СДСМ: Условите за укинување на техничката влада не се создадени – враќање на „режимот“ од 2016 година
- Ќе нема струја 11 часа – ЕВН најави исклучувања во неколку делови од СКОПЈЕ
- Голема полициска акција: Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини – проневериле 700.000 евра од УЕФА
- Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз
- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
Author: Author 03
Хрватската полиција отвори истрага по кривична пријава од 44-годишна жена, чија сметка била незаконски опустошена откако, според упатствата од СМС-порака, таа ја ажурирала апликацијата за мобилно банкарство, објави Индекс.хр. На 24 февруари, жената примила порака за која верувала дека ја испратила нејзината банка. Во неа се барало преку линк да ја ажурира апликацијата и да внесе ПИН-код, што таа го сторила. Набргу потоа од нејзината сметка биле исплатени пари без нејзино одобрение. Полицијата го истражува случајот со цел да го открие сторителот и да ги утврди сите детали околу настанот. Граѓаните се предупредуваат дека банките никогаш нема да бараат преку…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма истакна дека Порталот за услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните. Според податоците за 2025 година, Порталот за услуги оствари: „Со 290% раст на издадени услуги и 166% раст на корисници во 2025, Порталот за услуги е најкористената дигитална алатка во државата, претставува средиште на електронските услуги кои што се нудат за граѓаните. Јас сум многу задоволен како граѓаните го препознаваат и како го користат, успешноста ја мериме на тој начин – преку бројки“, изјави министерот Андоновски. Тој…
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 01.07.2025, пријавениот како вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел и присвоил 332.330 денари.
Од почетокот на годината во САД се регистрирани повеќе од 1.100 случаи на мали сипаници, покажуваат податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), што беа објавени денеска. Експертите предупредуваат дека бројките укажуваат на можни фатални исходи, со оглед на сериозните компликации од болести како што се енцефалитис и пневмонија. Над 96 проценти од заразените не се вакцинирани со MMR вакцината, а повеќе од 80 проценти од случаите вклучуваат деца и тинејџери, вклучувајќи една четвртина од деца под петгодишна возраст. Минатата година, во САД беа пријавени речиси 2.300 случаи, што е најголем број од 1991 година, а имаше…
Кремљ денеска официјално потврди дека се подготвуваат нови трилатерални преговори со цел ставање крај на војната во Украина. Оваа потврда доаѓа по серијата интензивни, но одделни состаноци на руски и украински претставници со американската делегација во Женева оваа недела. Абу Даби како следна дестинација? Додека локацијата сè уште не е официјално запечатена од руска страна, Киев веќе најави дека разговорите би можеле да се одржат на почетокот на март во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, остана воздржан во однос на напредокот во преговорите со украинската страна. „Штом ќе се договорат датумот и…
Францускиот претседател Емануел Макрон упати остри критики до Европската комисија по одлуката за привремена примена на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите од Меркосур. Макрон овој потег го нарече „лош начин на дејствување“, кој ги игнорира ставовите на Европскиот парламент и националните интереси на земјите-членки. Урсула фон дер Лајен ги игнорираше приговорите на Париз И покрај долготрајниот и силен отпор од Франција, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, потврди дека сите 27 земји-членки ќе започнат со спроведување на договорот. Таа нагласи дека одлуката доаѓа по „обемни разговори“, став кој Макрон веднаш го оспори. „Ова е голема одговорност…
Апелацискиот суд во Тунис донесе правосилна одлука со која се потврдува затворската казна за поранешниот премиер Али Ларајед. Како што пренесува францускиот весник „Ле Фигаро“, Ларајед е прогласен за виновен за сериозни дела поврзани со тероризам и загрозување на националната безбедност. Обвиненија за поддршка на џихадизмот Ларајед, кој беше премиер во периодот 2013-2014 година, е осуден за „формирање и членство во терористичка организација“. Клучниот дел од обвинението се однесува на неговата улога во олеснувањето на патот на илјадници туниски државјани кон конфликтните зони во Ирак и Сирија. Првостепената пресуда, донесена во мај минатата година, предвидуваше 34 години затвор, казна која…
Државниот завод за статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата и нови работни места, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7% зголемена во споредба со истиот период 2024 година, додека пак забележано е и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година – објави Николоски на Фејсбук.
Делата говорат! Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива – посветено и со визија. Во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот. Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град, информира на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно и одговорно. Во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради…
По одржани пет јавни расправи на државните универзитети МОН прифати низа забелешки за новиот Закон за образование. Меѓу нив, усвоено е намалување на бројот трудови во научни списанија пред одбрана на магистерки и докторски труд. За останатите барања кои се дискутабилни, работната група повторно ќе се состане и ќе одлучи што со нив. Министерката Јаневска е децидна – новиот закон за високо образование нема да биде повлечен. „Законот навистина нема потреба да се повлече затоа што секое повлекување и одлагање на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи дека е на штета на…
