Author: Author 03

Малолетник сам се пријавил в полиција, откако повредил друго лице со остар предмет, соопшти МВР. -На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, Скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари, стои соопштението на Министерството. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Иранските власти излегоа со официјално соопштение во кое тврдат дека Ормускиот теснец, една од најважните стратешки точки во светската трговија со енергенси, е ставен под нивна целосна контрола. Овој потег доаѓа во момент на ескалација на тензиите во регионот и претставува директен предизвик за меѓународните поморски рути. Според информациите пренесени од иранските државни медиуми, Техеран најави дека секој брод што поминува низ овој теснец ќе биде предмет на нивен безбедносен надзор и проверка. Иранските власти во официјалното обраќање истакнаа: „Ормускиот теснец сега е целосно под надзор и контрола на иранските сили. Нашата мисија е да ја обезбедиме стабилноста во регионот,…

Повеќе

Велигден е денот кога го славиме Христовото Воскресение и како што налага традицијата, варените јајца се задолжителни на трпезата за време на празниците. Умереноста не значи одрекување – туку почитување на сопственото тело и здравје. Едно јајце за „кршење“, едно за салата, едно за појадок – празникот може да помине без грижа на совест, но и без киселини и мачнини, советуваат стручњаците. Нутриционистите истакнуваат дека јајцата се исклучително хранливи – богати со протеини, витамини Б12 и Д, железо и здрави масти. Едно средно јајце има околу 70 калории, но и 200 мг холестерол, што често е причина за тревога кај…

Повеќе

Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Велиден, упати честитка до неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до свештенството и до правосланите верници. -Со срца исполнети со пасхална радост и духовна торжественост, во името на членството на Социјалистичката партија на Македонија, како и во мое лично име како заменик-претседател на Владата, Вам, на свештенството и на верниот народ на нашата древна Македонска православна црква Ви упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Воскресение Христово – Велигден. Победата на надежта и на светлината е вечна инспирација за сите нас да истраеме…

Повеќе

Папата Лав во саботата упати силен апел до светските лидери да го прекинат она што го нарече „лудило на војната“, во време кога високи американски и ирански претставници се состануваат во Пакистан за преговори за завршување на шестнеделен конфликт, јавува Ројтерс. На посебно молитвено бдение во базиликата „Свети Петар“, првиот папа Американец остро го осуди користењето на религиозна реторика за оправдување на војната, истакнувајќи дека „заблудата за семоќ која нè опкружува станува сè понепредвидлива“. Тој директно им се обрати на светските лидери со порака: „Престанете! Време е за мир! Седнете на маса на дијалог и посредување, а не на маса…

Повеќе

Европа повторно е во центарот на глобалните вселенски истражувања. По неодамнешното успешно враќање на екипажот од мисијата „Артемис 2“ (Artemis II), стана јасно дека без европската технологија, првото патување до Месечината по 1972 година би било речиси невозможно. Европски „срцето“ на мисијата Директорот за човечко и роботско истражување во Европската вселенска агенција (ЕСА), Даниел Нојеншвандер, ја потврди значајната улога на агенцијата во овој историски потфат. „Се враќаме во игра“, изјави кратко и јасно Нојеншвандер, нагласувајќи дека придонесот на Европа не е само симболичен, туку суштински. Клучниот елемент што го овозможи летот е Европскиот сервисен модул (ЕСМ). Тој е „моторот“ на…

Повеќе

Христос Воскресе! Честит и благословен Велигден! Утрово, на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, присуствував на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје, каде што во молитва и духовна радост се собраа голем број верници. Со вера во срцето, тие дојдоа да ја споделат најрадосната вест, да се причестат и да бидат поблиску до Бога, исполнети со надеж, љубов и мир. Велигден е празник над празниците, темелот на нашата вера и вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината и на надежта над очајот. Ден кога човештвото ја добива…

Повеќе

Во текот на вчерашниот ден во СВР – Велес, С.М., на возраст од 31 година од Кавадарци, пријавила дека во дворот од домот, нејзиниот девер И.М. физички ја нападнал.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

Повеќе

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, што се одржуваат денеска. Како што соопшти собраниската прес-служба, мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во повеќе региони на Унгарија. Специјален координатор на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на изборите во Унгарија е Саргис Канданјан, пратеник од Ерменија и претседател на Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања на ПС на…

Повеќе

Вчера во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет, појаснија од СВР – Велес. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе