- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
- Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована
- Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
- Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор
Author: Author 03
Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) -На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности…
Лицата помлади од 18 години во Германија веќе не можат да поседуваат или да купуваат азотен оксид, познат како „рајски гас“, откако денеска стапи во сила новиот закон, јави ДПА. Супстанцијата сè почесто се користи во Германија како „дрога за забави“, а со новиот закон се забранува купување и поседување азотен оксид за малолетници, додека онлајн-продажбата и купувањето преку автомати за самопослужување се целосно забранети. Консумирањето на овој гас е поврзано со високи здравствени ризици – од губење на свеста до трајни оштетувања на нервниот систем. Корисниците ја вдишуваат супстанцијата, која инаку се користи во медицината како благ анестетик, преку…
Во периодот од вторник до четврток, Македонија ќе биде под влијание на променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), не се очекуваат поголеми временски непогоди, но се препорачува внимателност поради нестабилната атмосфера. Во текот на овие денови се очекуваат кратки сончеви периоди, кои ќе бидат прекинувани од развој на облачност што ќе донесе врнежи од дожд, најчесто со слаб до умерен интензитет. Температурите ќе се движат во рамките на просечните вредности за овој период од годината, при што не се очекуваат значителни осцилации во однос на претходните денови. Од…
Најмалку 30 лица загинаа во стампедо на популарна туристичка локација на Хаити, јавија локалните медиуми. Голем број посетители се собрале вчера кај тврдината Цитадела Лафериер, во северната општина Мило, објави весникот „Ле нувелист“. Тврдината од 19 век, која е под заштита на УНЕСКО, претставува симбол на борбата на Хаити за слобода од француската колонијална власт и е една од најпосетуваните туристички атракции во земјата. Haiti 🇭🇹 – Cap-Haitien : Drame et décès Ce samedi 11 avril 2026, un incident tragique est survenu à la Citadelle Laferrière, à Milot, lors d’une sortie touristique régionale réunissant de nombreux jeunes.En effet, la foule…
Иранските власти соопштија дека спровеле голема разузнавачка операција во која се уапсени 50 лица под обвинение за шпионажа во корист на странски разузнавачки служби, првенствено американската ЦИА и израелскиот Мосад. Според информациите од иранското Министерство за разузнавање, акцијата е резултат на долготрајно следење на активностите на поединци кои наводно собирале доверливи податоци и ги пренесувале на странски агенти. Властите во Техеран тврдат дека уапсените биле дел од поширока мрежа чија цел била дестабилизација на безбедносната состојба во земјата преку саботажи и сајбер-напади. Иако деталите за идентитетот на уапсените не се објавени, официјалните извори од иранската државна структура ја нагласија сериозноста…
По повод големиот христијански празник Велигден, во КПУ Затвор Скопје се одбележа Воскресението Христово со традиционално вапцани јајца. Иако лишени од слободата и оддалечени од своите најблиски, осудените од православна вероисповед не беа заборавени и имаа можност достојно да го почувствуваат духот и радоста на празникот. Христос воскресе!, појаснуваат од Управата за извршување санкции.
Времето во следните денови, од вторник до четврток, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h, соопшти УХМР. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 11 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 23 степени. Утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе…
Малолетник сам се пријавил в полиција, откако повредил друго лице со остар предмет, соопшти МВР. -На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, Скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари, стои соопштението на Министерството. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Иранските власти излегоа со официјално соопштение во кое тврдат дека Ормускиот теснец, една од најважните стратешки точки во светската трговија со енергенси, е ставен под нивна целосна контрола. Овој потег доаѓа во момент на ескалација на тензиите во регионот и претставува директен предизвик за меѓународните поморски рути. Според информациите пренесени од иранските државни медиуми, Техеран најави дека секој брод што поминува низ овој теснец ќе биде предмет на нивен безбедносен надзор и проверка. Иранските власти во официјалното обраќање истакнаа: „Ормускиот теснец сега е целосно под надзор и контрола на иранските сили. Нашата мисија е да ја обезбедиме стабилноста во регионот,…
Велигден е денот кога го славиме Христовото Воскресение и како што налага традицијата, варените јајца се задолжителни на трпезата за време на празниците. Умереноста не значи одрекување – туку почитување на сопственото тело и здравје. Едно јајце за „кршење“, едно за салата, едно за појадок – празникот може да помине без грижа на совест, но и без киселини и мачнини, советуваат стручњаците. Нутриционистите истакнуваат дека јајцата се исклучително хранливи – богати со протеини, витамини Б12 и Д, железо и здрави масти. Едно средно јајце има околу 70 калории, но и 200 мг холестерол, што често е причина за тревога кај…
