Author: Author 03

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска го засили економскиот притисок врз Техеран, воведувајќи нов пакет санкции насочени против иранската воена индустрија и енергетскиот сектор. Овој потег доаѓа во критичен момент – само еден ден пред новата рунда нуклеарни преговори закажани за четврток во Женева. Цел: Дронови, ракети и „флотата во сенка“ Новите мерки на американското Министерство за финансии опфаќаат вкупно 30 поединци, компании и бродови. Санкциите се прецизно насочени кон: Порака пред преговорите Секретарот за финансии, Скот Бесент, истакна дека САД ќе продолжат со политиката на „максимален притисок“ за да го оневозможат режимот во неговите нуклеарни амбиции. „Иран ги…

Повеќе

Венко Филипче и СДС се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДС. Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни, правда мора да има, а институциите на системот да профункционираат. Заврши времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Нема скандал, криминал и корупција, а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ. СДС со денови растура пердуви во јавноста и околу скандалот со запленетата марихуана, а сега и со…

Повеќе

Вчера во 10:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Повеќе

„Мицкоски ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци а што излезе? Се договориле со Артан Груби“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија. Филипче нагласи дека случувањата на граничниот премин Блаце претставуваат сериозен удар врз правниот систем. „Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден – во државата се случи урнисување на правниот систем.“ рече Филипче. Тој посочи дека начинот на кој се одвивало враќањето на Артан Груби отвора сериозни сомнежи во јавноста. „Се појави бегалец кој што е на листа,…

Повеќе

Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека по начинот на кој беше спроведено е очигледно дека договор има.„Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден, тоа утро во државата се случи урнисување на правниот систем, се случи целосно губење на довербата на сите граѓани. Се појави бегалец кој што е на листа, луѓе кои ги бараат во државата, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, му ставија лисици луѓе…

Повеќе

Швајцарските власти најавија сеопфатен пакет финансиска поддршка за семејствата на загинатите и за повредените во страшниот пожар што го потресе ски-центарот Кранс-Монтана за време на новогодишната ноќ. Во несреќата, која се случи во преполн бар, животот го загубија 41 лице, а 115 беа повредени. Директна помош и гест на солидарност Владата донесе одлука да исплати по 56.000 долари за секое лице кое починало или било хоспитализирано како последица на пожарот. „Ова е гест на солидарност и поддршка кон погодените семејства во овие тешки моменти“, се наведува во официјалното соопштение на швајцарската Влада. Избегнување на долги судски спорови За да се…

Повеќе

Протестите на српските земјоделци драстично се радикализираат. Денес, блокадите се проширија на дури 80 локации низ целата земја, откако вчера беа активни на 50 точки. Земјоделците се на улиците веќе две недели, а нивното незадоволство не стивнува. Блокади од 24 часа и прекинати магистрални патишта Додека на некои места сообраќајот се прекинува периодично на неколку часа, на клучните точки блокадите траат деноноќно. Барањата на земјоделците: Стоп за увозот Главната причина за револтот е неконтролираниот увоз на земјоделски производи кој ја урива цената на домашните производи. „Остануваме на блокадите сè додека не се исполнат нашите барања и не се воведе привремена…

Повеќе

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс за „Фокс њуз“ изјави дека претседателот Доналд Трамп и понатаму преферира дипломатско решение со Иран. Тој додаде дека Трамп се надева дека Иранците сериозно ќе ги сфатат утрешните преговори. – Претседателот беше кристално јасен, колку што можеше да биде, дека Иран не може да има нуклеарно оружје … Ќе се обиде тоа да го постигне по дипломатски пат – посочи Венс. Утре во Женева ќе се одржи нова рунда американско-ирански преговори за нуклеарната програма на Техеран, соопшти Министерството за надворешни работи на Оман. Претходната рунда разговори, исто така беше одржана во Женева, на 17…

Повеќе

Бил Гејтс им се извини на вработените во Фондацијата Гејтс за неговите врски со Џефри Епстин. Тој призна грешки што ја оцрнија добротворната организација, но инсистираше дека немал никаква улога во злосторствата на Епстин, објави The Wall Street Journal. На состанокот вчера, коосновачот на „Мајкрософт“ призна дека имал две афери со руски жени за кои Епстин подоцна дознал, но нагласи дека во нив не биле вклучени жртвите на Епстин. „Не направив ништо нелегално. Не видов ништо нелегално“, рече Гејтс, според снимка што ја преслушал The Wall Street Journal. Гејтс, исто така, коментираше за фотографиите од неодамна објавените документи на Епстин…

Повеќе

Унгарија донесе одлука за дополнително зајакнување на безбедноста долж своите граници преку распоредување на воени трупи. Овој потег, според официјална Будимпешта, доаѓа како одговор на зголемените безбедносни предизвици и притисокот од миграцијата во регионот. Заштита на суверенитетот и безбедноста Министерството за одбрана на Унгарија нагласува дека примарната цел на ова распоредување е одржување на редот и мирот во пограничните зони. Властите сметаат дека военото присуство е неопходно за да се спречат нелегални премини и да се гарантира сигурноста на локалното население. „Нашата должност е да го заштитиме суверенитетот на државата и безбедноста на нашите граѓани во секое време“, се наведува…

Повеќе