- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 03
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден, посакувајќи здравје, мир и благосостојба во секој дом. -Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж, наведува Мицкоски во честитката. Тој додава оти е свесен дека постојат неизвесности и предизвици, но, вели, нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни политики, да ја зајакнеме економијата, да го заштитиме животниот стандард и да создадеме сигурна иднина за…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод празникот Велигден упати честитка. „По повод големиот христијански празник, Велигден, до сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрени честитки со желби за добро здравје, мир, благосостојба и духовен спокој. Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што нè поврзуваат како општество и нè упатуваат кон заеднички напредок. Посакувам празничните денови да донесат радост во домовите, спокој во срцата и надеж за подобро…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. Во продолжение ги доставуваме упатените честитки. Почитуван г.г. Стефан, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, Ви го честитам најголемиот и најсветол христијански празник, Воскресението Христово – Велигден. Во овие возвишени и благодатни денови, кога се открива тајната на животот како победа…
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки. Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува…
Некои лекари препорачуваат да држите чаша вода на собна температура покрај креветот и да ја пиете веднаш по будењето за да го намалите ризикот од кардиоваскуларни проблеми наутро. Според д-р Алберто Санагустин, периодот веднаш по будењето, особено помеѓу 6 и 10 часот наутро, е поврзан со поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми. По неколку часа одмор, телото претрпува ненадејна промена што ја зголемува веројатноста за срцев удар, додека повеќето луѓе одеднаш влегуваат во својата дневна рутина во тој момент. Шпанското списание Cope известува дека причината е низа внатрешни реакции што се активираат штом ќе станеме од кревет. Затоа, Санагустин препорачува едноставна…
Утре е Велигден, а со него доаѓа и традиционалната празнична трпеза на која во многу македонски домови ќе има јагнешко месо. Но, иако јагнешкото месо е хранливо богато и извор на висококвалитетни протеини, тоа не е идеален избор за секого. За одредени групи на луѓе, тоа може да претставува ризик по здравјето, па затоа треба да го ограничат или целосно да го избегнат. 1. Луѓе со висок холестерол и срцеви заболувања Јагнешкото месо, особено масните делови, е богато со заситени масти и холестерол, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Прекумерното консумирање црвено месо е поврзано со покачен…
Многумина се прашуваат колку јајца дневно всушност можеме да јадеме без да го оптовариме стомакот, бидејќи велигденските прослави не се комплетни без полни корпи на трпезата. Иако празничната атмосфера нè занесува, нутриционистите нè потсетуваат дека умереноста е клучна за уживање во неа без никакви проблеми. Иако изгледа како занемарлив детаљ, вистинската мерка е многу важна, бидејќи лекарите постојано предупредуваат дека желудникот одлично ја памети секоја нутритивна грешка. Вистинскиот одговор веројатно ќе ве изненади, а главниот трик за избегнување на непријатна болка лежи во начинот на кој ги консумирате во текот на денот. Колку јајца дневно всушност се препорачува да се…
Шеснаесетгодишник од скопското село Морани е приведен откако, според полицијата, по расправија во селото, нападнал 18-годишен млад човек и го повредил со нож. Инцидентот се случил на 10 април 2026 година околу 20:25 часот, кога по претходна вербална расправија меѓу двајцата, ситуацијата ескалирала во физички напад. Повредениот, 18-годишниот Х.Д. од истото село, бил итно пренесен во приватна болница во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По нападот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетникот, а ножот што бил користен во инцидентот бил пронајден и одземен за понатамошна постапка. Од полицијата информираат дека по целосно документирање…
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола и двајца управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје двајца возеле без возачка дозвола, еден во Штип, еден во Кичево, двајца во Велес и четворица во Тетово, од кои двајца малолетници. Еден возач во Велес управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Под дејство на алкохол возел и еден возач во Битола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници…
Во обид да се постигне долгоочекуваниот дипломатски пробив, Соединетите Американски Држави направија голем гест на добра волја. Како што објави „Ројтерс“, повикувајќи се на високо рангиран ирански извор, Вашингтон се согласил на одмрзнување на замрзнатите ирански средства кои се чуваат во банки во Катар и други странски земји. „Знак на сериозност“ Овој потег, кој доаѓа токму во моментот кога започнаа преговорите во Исламабад, се оценува како клучен сигнал за подготвеноста на двете страни да го решат еден од најголемите конфликти во регионот. Иранскиот извор, кој побарал анонимност поради чувствителноста на преговорите, ја поздрави одлуката како доказ за „сериозност“ во настојувањето…
