- Што значи ако кокичињата цветаат пред крајот на февруари – еве зошто треба да бидеме загрижени
- Ужас во регионот: Наместо вода бабата му сипала бензин, бебето течноста ја испило во градинка и се затруло
- Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Наскоро летно сметање на времето
- Нови 60 милијарди евра за украинската војска: ЕУ продолжува да го поддржува Киев
- Студено утро во Македонија – По минусните температури следи пресврт
- Регионален форум во Куманово – Долгорочно решавање на проблемот со градежен шут
- Панел дискусија: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“
- СДСМ: Власта има пари за авион и луксуз а за платите на работниците нема
Author: Author 01
Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица, со која се оспоруваат точките 3 и 10 од Упатството за радиодифузерите за локалните избори за 2025 бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Судот на денешната седница оцени дека е усогласено со Изборниот законик. „Упатството во хиерархијата на правните прописи е подзаконски акт. Подзаконските акти се потчинети на повисоките акти, односно на законските одредби. Ова Упатство не е ништо друго, освен пресликување на законската одредба. АВМУ доколку постапела како што во наводите од иницијативата предлага подносителот на иницијативата,…
Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК кој почина по седум месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре (16 октомври) на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот. Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10 до 12 часот, а опелото ќе започне во 12 часот. Панчо беше еден од основачите и фронтмен на популарното дуо ДНК, кое остави силен белег на македонската музичка сцена со хитовите „Пешки го поминав светот“,…
Министерството за здравство информира дека по пријава од Клиничка болница Тетово до полицијата за агресивност врз медицинскиот персонал се преземени мерки од надлежните институции. Од вработените беше пријавено 28-годишно машко лице поради агресивност кон медицинскиот персонал и физички напад врз еден од лекарите. „Министерството за здравство се залага за почитување на интегритетот, достоинството и професионалноста на сите лекари и здравствени работници. Лекарите се сојузници на пациентите и нивните семејства, и само преку заемна доверба, почит и поддршка можеме да изградиме здравствен систем кој обезбедува хуман и безбеден третман за сите“, се вели во соопштението на Министерството за здравство. СВР Тетово…
Полицијата приведе 23-годишен радовишанец откако пијан со возилото удрил во банкина на магистралата Радовиш – Струмица. „Во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. Околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во банкина покрај патот, а при преземање мерки полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,25 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за…
Денеска во Полициското одделение Шуто Оризари беше отворена новата канцеларија за управни работи на Министерството за внатрешни работи, на настан на кој присуствуваше помошник министерот за граѓански работи Јован Алтанџиев. Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 25 000 жители на Општина Шуто Оризари ќе можат во рамки на својата општина да поднесуваат барања и да ги подигнуваат готовите лични документи – лични карти, пасоши и возачки дозволи. „Досега жителите на Шуто Оризари овие услуги ги добиваа преку полициската станица Бутел или во зградата на МТВ. Од денес натаму тие ќе можат тоа да го прават овде, во својата општина.…
Со изградбата на автопатите на коридор 8 и реконструкција на железничката пруга од Скопје до Кичево, општина Гостивар ќе стане центар на Коридор 8 во овој дел на Македонија. Имаме одлична динамика на изградба на двата автопати од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани, а веќе заврши и јавниот повик за изградба на автопатот од Букојчани до Кичево, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на општина Гостивар. Во однос на автопатот од Букојчани до Кичево тој потенцираше следи евалуцаија на понудите и се очекува март месец да се започне со изградба и…
42-годишен кавадарчанец вчера на пладне бил уапсен, бидејќи нападнал 18-годишен неготичанец и му го одзел мобилниот телефон. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 12:45 на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Ј.(42) од Кавадарци поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“. Според пријавеното, тој на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци физички го нападнал Ѓ.Т.(18) од Неготино и му го одзел мобилниот телефон. М.Ј. е приведен во полициска станица, а телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против М.Ј. ќе биде…
Родителите и роднините на настраданите трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ изразија сочувство до семејството на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК. Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ преку социјалните мрежи изрази болка, солидарност и повик за правда за сите младешки животи кои беа одземени во пожарот во дискотеката. „Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев Панчо, Бог да Ви дава сила. Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Млад…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува реафирмирање на позицијата дека наша стратешка цел останува полноправно членство во ЕУ: Во пресрет на утрешната посета од претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен рече дека оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и образот. „Некако изминативе 25 години како полека да го изгубивме образот, чекорејќи по тој пат, како малку да остана од тоа достоинство и од тој образ чекорејќи кон тој пат. Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство…
ДУИ ќе бидат непријатно изненадени од резултатите на претстојните локални избори, вели премиерот Христијан Мицкоски посочувајќи дека по нив, ДУИ ќе се занимаваат со внатрепартиски, наместо со друг тип на избори. Мицкоски денеска за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, одговарајќи на новинарско прашање за можност за одржување предвремени парламентарни избори истакна дека неговиот став е јасен. „Мислам дека сум бил многу јасен и прецизен по тоа прашање. Јас жалам што сѐ уште има структури во опозицијата, во случајов Демократската унија за интеграција, што во отуство на реални проекти и политики, во отсуство на план…
