Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Гостивар забрзано го развиваме, активно се работат автопатите до Гостивар и до Кичево

    Николоски: Гостивар забрзано го развиваме, активно се работат автопатите до Гостивар и до Кичево

    15.10.2025 во 12:253 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со изградбата на автопатите на коридор 8 и реконструкција на железничката пруга од Скопје до Кичево, општина Гостивар ќе стане центар на Коридор 8 во овој дел на Македонија. Имаме одлична динамика на изградба на двата автопати од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани, а веќе заврши и јавниот повик за изградба на автопатот од Букојчани до Кичево, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на општина Гостивар.

    Во однос на автопатот од Букојчани до Кичево тој потенцираше следи евалуцаија на понудите и се очекува март месец да се започне со изградба и на овој автопат. 

    „Веќе интензивно се работи на двата патни правци , експропријацијата е речиси завршена, сега се работи на дислокација на водови, така што имаме два патни правци кои се градат кон Гостивар, едниот е Тетово-Гостивар, другиот Гостивар Букојчани. И дополнително на тоа што е значајно за мене е тоа што Гостивар -Букојчани е најтешкиот инженерски потфат кој што се работи во моментов. Од 32 километри, 17 се веќе пробиени, а во март месец ќе почне да се гради и од делот на Букојчани така да за прв пат ќе имаме автопат кој се гради во двете страни и да се спои во средина. И на ова имаме трета работа, а тоа е дека завршен е јавниот повик за изградба на автопатаот од Букојчани до Кичево. Има три понуди, тие ќе се евалуираат и ќе се избере најдобрата понуда и очекувам во март и таму да имаме работа што значи дека ако на тоа ги надоврземе дека на Кичево Охрид пуштивме 34 километри во функција а работиме и на другите колометри, тоа би значело дека некаде крајот на 2028, почетокот на 2029 година, Гостивар ќе стане центар бидејќи ќе има комплетно автопатско поврзување на коридор 8 што многу ќе помогне во развојот на трговијата и економијата“, рече Николоски.  

    Вицепремиерот најави дека се рабти на постапки и за реконструкција на железницата од Скопје преку Гостивар до Кичево. 

    „Владата веќе усвoи грант кој го додели ЕУ за израбoтка на предфизибилити студија, физибилити студија, еколошка студија, проектна документација за целосна рехабилитација, електрификација и сиганилизација за пругата од Скопје -Јегуновце-Тетово – Гостивар до Кичево. Според барањата на ЕУ, целокупната документација за 18 месеци ќе се заврши и се надевам дека 2027 година ќе имаме избран изведувач кој би работел, а 2029 година да се заврши овој проект. Возови би сообраќаеле со 120 км на час што значи некаде за 40 минути од Гостивар ќе се патува до Скопје или 20 минути до Тетово, што мислам дека ќе целосно ќе ја промени начинот на комуникација во градот“ вели Николоски.

    Прочитај повеќе

    28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција

    19.09.2026 во 12:33

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.