Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Ова е удар врз скопјани, МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“ – Ѓорѓиевски бара да се откријат сторителите

    15.11.2026 во 13:06

    Возачите да се подготват: Утре се очекува нова одлука за цените на горивата

    15.11.2026 во 12:55

    Голем пожар во Скопје: Седум противпожарни возила и 19 пожарникари излегле на терен

    15.11.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Ова е удар врз скопјани, МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“ – Ѓорѓиевски бара да се откријат сторителите
    • Возачите да се подготват: Утре се очекува нова одлука за цените на горивата
    • Голем пожар во Скопје: Седум противпожарни возила и 19 пожарникари излегле на терен
    • Мета казнета со 805 милиони евра – Фејсбук пристапувал до фотографии и видеа од телефоните на корисниците
    • Дневен хороскоп: Еден знак го очекува романтично изненадување, друг треба да внимава на парите
    • Манасиевски: Филипче да каже дали знаел дека Мацура е сомнителен кога со ДУИ го овозможувале влезот на Алта банка
    • Серафимовска-Борозан: Алта банка не беше присутна во Македонија во времето на СДСМ
    • 12 тони производи од Македонија вратени од Косово поради проблеми со безбедноста на храната
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Ова е удар врз скопјани, МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“ – Ѓорѓиевски бара да се откријат сторителите

    ФОТО: Ова е удар врз скопјани, МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“ – Ѓорѓиевски бара да се откријат сторителите

    15.11.2026 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе контејнери биле запалени синоќа во скопската населба Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“, по што градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, побара итна реакција и одговорност од Министерството за внатрешни работи.

    Во својата објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски оценува дека станува збор за намерно уништување на заедничкиот имот во период кога се решава проблемот со сметот:

    „Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР! Вечерва, запалени се повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот. Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари. А ако со ова некој мисли дека мене лично ми прави штета, се лаже! Прави штета на градот, овие контејнери се купени со парите на скопјани!“

    Тој побара од полицијата да ги прегледа камерите од системот „Safe City“ за да се утврди дали инцидентите имаат политичка заднина, најавувајќи и зголемен видео-надзор низ главниот град:

    „Го повикувам МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани. Барам одговорност! Наскоро го завршуваме поставувањето на 200 градски камери за посилен надзор и откривање на ваквите појави и за кои апсолутно нема да има никаква толеранција! Чувајте го Скопје и пријавувајте вандализам. Нема да дозволиме некој да си поигрува со градот! Со законите нема поигрување!“

    Прочитај повеќе

    Нов режим на сообраќај во Скопје: Се затвора крстосница – сообраќајот ќе се пренасочува, еве каде

    15.11.2026 во 10:40

    Изменет режим на сообраќај во Скопје: Автобусите на линиите 7, 9, 18 и 118 ќе возат по променети траси

    14.11.2026 во 15:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.