Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Филипче да каже дали знаел дека Мацура е сомнителен кога со ДУИ го овозможувале влезот на Алта банка

    15.11.2026 во 11:53

    Серафимовска-Борозан: Алта банка не беше присутна во Македонија во времето на СДСМ

    15.11.2026 во 11:39

    12 тони производи од Македонија вратени од Косово поради проблеми со безбедноста на храната

    15.11.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Филипче да каже дали знаел дека Мацура е сомнителен кога со ДУИ го овозможувале влезот на Алта банка
    • Серафимовска-Борозан: Алта банка не беше присутна во Македонија во времето на СДСМ
    • 12 тони производи од Македонија вратени од Косово поради проблеми со безбедноста на храната
    • СДСМ: Неколкумина наши членови преминаа во ЗНАМ, партиските редови ни се почисти
    • ВМРО-ДПМНЕ: Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ
    • Нов режим на сообраќај во Скопје: Се затвора крстосница – сообраќајот ќе се пренасочува, еве каде
    • Денеска не седнувајте зад волан без ова во колата – Казната е 2760 денари
    • Подгответе се за нов температурен шок – доаѓаат температури невообичаени за средината на ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Филипче да каже дали знаел дека Мацура е сомнителен кога со ДУИ го овозможувале влезот на Алта банка

    Манасиевски: Филипче да каже дали знаел дека Мацура е сомнителен кога со ДУИ го овозможувале влезот на Алта банка

    15.11.2026 во 11:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на СДСМ Венко Филипче и неговата партија треба да одговорат дали Давор Мацура бил криминалец со сомнителен капитал во периодот кога заедно со ДУИ го овозможиле влезот на „Алта банка“ во земјава, порача на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

    Тој се осврна на информациите за сопственичката структура на акциите во Стопанска банка АД Битола и улогата на поранешната владејачка коалиција, пренесувајќи ги ставовите на владејачката партија:

    „Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија. Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.“

    Во продолжение на обраќањето, Манасиевски го обвини претседателот на опозициската партија за недоследност во ставовите во однос на периодот од 2023 година и актуелните случувања:

    „Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен? Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото. Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.“

    Прочитај повеќе

    Серафимовска-Борозан: Алта банка не беше присутна во Македонија во времето на СДСМ

    15.11.2026 во 11:39

    СДСМ: Неколкумина наши членови преминаа во ЗНАМ, партиските редови ни се почисти

    15.11.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.