Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ

    15.11.2026 во 10:50

    Нов режим на сообраќај во Скопје: Се затвора крстосница – сообраќајот ќе се пренасочува, еве каде

    15.11.2026 во 10:40

    Денеска не седнувајте зад волан без ова во колата – Казната е 2760 денари

    15.11.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ
    • Нов режим на сообраќај во Скопје: Се затвора крстосница – сообраќајот ќе се пренасочува, еве каде
    • Денеска не седнувајте зад волан без ова во колата – Казната е 2760 денари
    • Подгответе се за нов температурен шок – доаѓаат температури невообичаени за средината на ноември
    • Македонка загина во страшна сообраќајка во Албанија
    • Изменет режим на сообраќај во Скопје: Автобусите на линиите 7, 9, 18 и 118 ќе возат по променети траси
    • Постојано ја следел и вознемирувал бившата – Полицијата приведе гевгеличанец
    • Меџити во Бурса: Се разговараше за стручна експертиза и финансиска поддршка за ревитализација на Старата скопска чаршија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ

    15.11.2026 во 10:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит. Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Случајот Алта Банка е доказ и Дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни а единствен интерес им биле бизнис шемите, нетранспарентните зделки, енормнто богатење на поединци преку ноќ како и провизиите и полнењето на сопствените џебови врз грбот на народот.

    Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Фирмата на сватот на Ахмети добива 5 милиони евра кредит од Алта Банка Србија.

    Сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор.

    Контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола подоцна преименувана во Алта банка Македонија купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети.

    Во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка“ во Белград.

    И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, во финалниот чин, компанијата „АС Сењак“ на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија.

    Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони.

    Дали кредитот од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани?

    Дали преку кредитирањето на фирма од бизнис-кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар?

    Колку чинеле акциите и колкава финансиска добивка остварил продавачот?

    Филипче и СДС да престанат да сеат магла во јавноста и да кажат дали на 24 октомври 2023 година, кога Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница, знаеле за деловните релации со компанијата на сватот на Ахмети?

    Дали тогаш СДС и ДУИ имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и евентуални сомнежи?

    Зошто молчеле за деловната соработка меѓу круговите на ДУИ, Давор Мацура и Алта банка?

    Нема недопирливи! Секој сомнеж мора да биде проверен, а секоја утврдена незаконитост да биде санкционирана.

    ВМРО-ДПМНЕ бара транспарентност, институционална одговорност и целосно расчистување на случајот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Меџити во Бурса: Се разговараше за стручна експертиза и финансиска поддршка за ревитализација на Старата скопска чаршија

    14.11.2026 во 15:14

    Филипче: Македонија е на 41. место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките за трета економија

    14.11.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.