Италијанската агенција за заштита на податоците ја казни компанијата „Мета“ со 805 милиони евра бидејќи пристапила кон фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола.
Според регулаторот, „Мета“ не успеала соодветно да информира околу 20 милиони корисници дека „Фејсбук“ има пристап до нивните фотографии и видеа преку функција во апликацијата. На компанијата ѝ е наредено да ја исклучи оваа опција како стандардна поставка во рок од 60 дена и да побара специфична согласност за нејзино користење.
Станува збор за функција која им предлага фотографии и видеа од меморијата на телефонот на корисниците за креирање нови објави, при што пристапот бил побаран преку општо овластување во рамките на апликацијата, без јасно известување за нејзината намена.
Изречената глоба од 805 милиони евра претставува една од најголемите казни што некогаш ги изрекол италијанскиот регулатор кон некоја технолошка компанија.
Од весникот потсетуваат и на неодамнешните правни предизвици на компанијата — „Мета“, која е сопственик и на „Инстаграм“ и „Вацап“, минатиот месец беа казнета во американската сојузна држава Ново Мексико со 25 милијарди долари поради долгогодишно лажење на јавноста за постапувањето со корисничките податоци на „Фејсбук“.

