Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре ќе донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од вторник на полноќ.
Согласно актуелниот ценовник, литар бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 во моментов се продава по цена од 86 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 88 денари за литар.
Малопродажната цена на дизел горивото изнесува 94,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство се точи за 103,5 денари за литар.
Цената на мазутот, пак, во моментов изнесува 49,31 денар за килограм.

