Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заедничка мисија на МОН и ИНОФЕИТ: Дигитални вештини и одговорна употреба на ВИ во образованието

    Заедничка мисија на МОН и ИНОФЕИТ: Дигитални вештини и одговорна употреба на ВИ во образованието

    30.10.2025 во 12:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје се приклучува кон заложбите на Министерството за образование и наука за унапредување на дигиталните компетенции на наставниот кадар, поттикнување на иновативни педагошки практики и одговорна употреба на генеративната вештачка интелигенција во наставниот процес.

    Двете страни денес потпишаа меморандум за соработка кој предвидува искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови за организирање на обуки за наставникот кадар, како и работилници за развој и примена на иновации во образованието со фокус на генеративната вештачка интелигенција.

    МОН и ИНОФЕИТ заеднички ќе учествуваат во проекти и иницијативи од областа на дигиталната трансформација на образованието, а периодично на работни средби ќе дискутираат за прогресот на активностите, ќе договараат континуитет или изменување и дополнување на истите.

    На потпишувањето на меморандумот, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, од една страна и деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски и управителот на ИНОФЕИТ, проф. д-р Димитар Ташковски, од друга страна изразија задоволство што се воспоставува соработка за јакнење на најважната алка во образовниот процес – наставниот кадар, како и за полесно интегрирање на технолошките иновации во наставата. До крајот на годината ќе се организира и првата обука за наставници на тема одговорна примена на вештачката интелигенција за едукативни цели.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.