Делчевец бил уапсен вчера пред полноќ откако бил фатен „мортус“ пијан зад волан.
– На 17.09.2026 во 23:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Ј.(39) од Делчево. При сообраќајна контрола на булевар „Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со делчевски регистарски ознаки, кое тој го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во организмот, информираа од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

