Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите
    • Мицкоски: Во Бугарија очекувам средба на коњопој
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски вели: ќе донесеме гас, ќе правиме струја, ќе храниме дата-центри. 

    Воздух и фреон, за да не ја пијат водата. Сè е чисто. Сè е модерно.

    Народот не е наивен. Сметката е проста.

    За да има струја од гас, треба две работи. Цевка што носи гас. И електрана што работи. 

    Цевките со Грција и Србија ги најавува.  Капацитетот што го ветува – три, шест, осум милијарди кубици – не постои денес, велат од СДСМ.

    Денес мрежата издржува околу 800 милиони, трошиме околу половина милијарда. Тоа не е гориво за флота сервери.

    Електрана што работи на гас има само една: ТЕ-ТО Скопје, околу 220 мегавати. Веќе работи. Прави струја и топлина за град Скопје. Не стои празна за Рамбл и за петте фирми без име. 

    ТЕЦ Неготино не е решение што сега произведува. 

    Новите централи се само на хартија. Хартијата не врти сервери.

    Значи денес, ако влезе голем дата-центар, струјата не се раѓа од неговиот гас. Се купува. Се увезува. Или се зема од она што го плаќаат домаќинствата. 

    Кој увезува, знаеме. Мицкоски. Мрежата околу него. Партнерот Адамовиќ. Омилен бизнис: разлика на граница, провизија на сметка.

    Прво рекоа нема да ја пијат водата. Сега најавуваат воздушно ладење и фреон. Тоа ја “пие” струјата повеќе. Водата ја трнаа од соопштенијата. 

    Киловатот го оставија на народот. Иста манипулација, друга амбалажа.

    Нема цевка. Нема електрана. Нема евтина домашна струја за туѓ хардвер. Има интервју од Вашингтон и договор под радар. Дата-центрите што ги увезуваат се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија.

    Сè е лага. Сè е измама. Сè е манипулација. 

    Зад лагата стои увоз. Зад увозот стои каса и криминал и корупција. 

    Касата не е кај граѓанинот. Касата е кај арамијата, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04

    Конче со нови инвестиции: Подобрена инфраструктура и услуги за граѓаните

    06.10.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.