Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иако цената на суровата нафта на светските берзи трет ден паѓа и Брентот од над 108 долари се спушти кон 103 долари за барел, во понеделник во Македонија сепак може да следува ново поскапување на дизелот. Причината е што во пресметката на Регулаторната комисија не се зема само цената на суровата нафта, туку петдневниот просек на рафинираниот дизел на медитеранската берза, кој неделава остана на исклучително високи нивоа.

    На почетокот од неделата европските котации на дизелот достигнаа рекордни вредности поради проблемите со снабдувањето од Блискиот Исток и намалените резерви, а падот започна дури во последните два дена. Тоа значи дека високите цени од понеделник, вторник и среда ќе останат во просекот според кој РКЕ ќе ја прави новата пресметка.

    Доколку до крајот на денешното тргување нема поголем пад на рафинираниот дизел, сегашните движења оставаат простор цената во понеделник да порасне за неколку денари. Според моменталните берзански движења, раст е можен, но конечната цена ќе зависи и од курсот на доларот и од денешното затворање на берзите.

    Дизелот во моментов се продава по максимална цена од 99 денари за литар. Ценовниот удар го амортизираат владините мерки – ДДВ-то за дизелот е намалено на 10 проценти, а акцизата за четири денари по литар. Овие мерки ќе останат важен фактор и во новата пресметка и спречуваат берзанскиот раст целосно да се прелее врз цените на бензинските пумпи.

    Кај бензините притисокот засега е помал, па не се очекува раст од размерот што е можен кај дизелот. Новите максимални цени Регулаторната комисија треба да ги соопшти во понеделник.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.