Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    19.09.2026 во 14:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ОО СДСМ Центар реагира на обвинувањата од ОК ДПМНЕ Центар во врска со појавата на глодари и дератизацијата на територијата на Општина Центар.

    За толку амбициозно татино синче, кое очигледно има големи политички планови, срамота е претседателот на ОК ДПМНЕ Центар да не ги знае ни основните надлежности на институциите во градот. Пред да испраќа сопартијци на прес-конференции да зборуваат за „15 век“, добро би било прво да провери кој за што е надлежен и да побара од институциите раководени од нивните кадри да си ја завршат работата.

    Општина Центар од почетокот на годината спроведе редовна пролетна дератизација на целата своја територија, како и две вонредни акции, последната во август, на локации каде што беше регистрирано зголемено присуство на глодари. За понеделник е најавена уште една вонредна дератизација, додека редовната есенска дератизација ќе започне во октомври.

    Токму тоа е разликата меѓу политички прес-конференции и одговорно раководење. Градоначалникот Горан Герасимовски не го игнорира проблемот, туку реагира на состојбата на терен и презема конкретни мерки. Кога има потреба, Општината не чека редовен термин, туку спроведува и дополнителни вонредни дератизации во интерес на граѓаните.

    Фактите се јасни – Општина Центар постапува секогаш кога состојбата на терен го бара тоа. Но дератизацијата сама по себе не може да ги замени редовното собирање на комуналниот отпад, празнењето и одржувањето на контејнерите, чистењето на јавните и сообраќајните површини, како и одржувањето на канализациската инфраструктура.

    Затоа, наместо секој проблем во Центар да го претвораат во партиска прес-конференција, од ОК ДПМНЕ Центар нека се обратат до Град Скопје и надлежните градски јавни претпријатија. Нека прашаат дали отпадот се собира навреме, дали има доволно контејнери и како се одржуваат јавните површини и булеварите.

    Нека побараат и од ЈП „Водовод и канализација“ редовно да ја одржува канализациската мрежа, шахтите и сливниците во рамки на своите надлежности. Не може Општина Центар да биде виновна за сè, а другите институции да се однесуваат како да немаат никаква обврска.

    Најлесно е да се застане пред камера и да се зборува за „15 век“. Малку потешко е да се научат надлежностите. А очигледно најтешко е да се побара од своите да си ја завршат работата.

    Ако продолжат вака да ги запоставуваат своите обврски, после приказната за „15 век“, уште само диносауруси ни недостига да почнат да се шетаат низ Центар.

    Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар ќе продолжат со редовните и вонредните дератизации и со интервенции на локациите каде што ќе се утврди потреба. Тоа е одговорно работење – проблемите да не се кријат, туку да се решаваат.

    Но за чиста и безбедна животна средина потребно е секоја институција да си ја врши својата работа, наместо одговорноста постојано да ја префрла на друг.

    Големите политички амбиции бараат барем елементарно познавање на надлежностите. Наместо прес-конференции и политички театар, ОК ДПМНЕ Центар нека покаже малку одговорност и нека побара работа од институциите што ги раководат нивните кадри.

    Граѓаните од тоа имаат многу поголема корист, стои во реакцијата на ОО Центар СДСМ испратена до медиумите.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.