Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажува најновиот неделен лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од претпријатието информираат дека во периодот од 9 до 13 ноември 2026 година биле земени вкупно 400 примероци од вода за пиење, од кои 200 биле наменети за физичко-хемиска, а 200 за микробиолошка анализа.
Испитувањата биле спроведени на 51 мерно место низ градот Скопје, а ги извршил Секторот за санитарна контрола.
Според добиените лабораториски резултати, сите испитани примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од „Водовод и канализација“ посочуваат дека неделните извештаи се објавуваат со цел граѓаните редовно да бидат информирани за квалитетот и безбедноста на водата што ја користат.

