Сашко Митковски сподели дека неделното попладне го поминал во друштво на Стевче Јакимовски, во неговото родно село, каде што тој се опоравува по лекарска интервенција.
Митковски за средбата информираше преку објава на социјалните мрежи, упатувајќи му желби за брзо закрепнување.
Тој истакна дека разговорите со Јакимовски секогаш се пријатни и дека од нивните средби заминува со нов совет или искуство.
„Стевче, од срце ти посакувам брзо закрепнување и уште многу вакви средби во добро здравје“, порача Митковски.

