Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила на полноќ.
Согласно актуелниот ценовник, литар бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 во моментов се продава по цена од 86 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 88 денари за литар.
Малопродажната цена на дизел горивото изнесува 94,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство се точи за 103,5 денари за литар.
Цената на мазутот, пак, во моментов изнесува 49,31 денар за килограм.

