Close Menu
Press24
    Најново

    Здравствени контроли, фризерски услуги и прошетки за старите лица во Скопје

    16.11.2026 во 08:42

    Мали борци кои се борат од првиот ден – До 700 бебиња годишно се раѓаат предвреме во Македонија

    16.11.2026 во 08:40

    Мајката на претепаната Сара бара правда: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија”

    16.11.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Здравствени контроли, фризерски услуги и прошетки за старите лица во Скопје
    • Мали борци кои се борат од првиот ден – До 700 бебиња годишно се раѓаат предвреме во Македонија
    • Мајката на претепаната Сара бара правда: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија”
    • Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите
    • Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица
    • Скандал ја тресе Бугарија: Ива Михаилова откри притисоци од бугарската тајна служба
    • Искра Хаџи Василева седнува во директорската фотелја на ОЈО ГОКК
    • Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Здравствени контроли, фризерски услуги и прошетки за старите лица во Скопје

    Здравствени контроли, фризерски услуги и прошетки за старите лица во Скопје

    16.11.2026 во 08:422 Mins Read
    Црвен крст
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Црвениот крст на град Скопје подготвува низа активности по повод Неделата на грижа за старите лица, со кои ќе им понуди на повозрасните граѓани здравствена, социјална, едукативна и рекреативна поддршка.

    Програмата ќе се реализира преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење и Центар за давање помош во домашни услови“, со акцент на подобрување на квалитетот на животот и поголема вклученост на повозрасните во заедницата.

    Во рамки на активностите ќе бидат организирани здравствени пунктови на повеќе локации во Скопје, каде граѓаните ќе можат да го измерат крвниот притисок и шеќерот во крвта. Предвидени се и офталмолошки прегледи, ЕКГ-контроли, физиотерапевтски и фризерски услуги.

    Програмата опфаќа и посета на Домот за стари лица „Светла Надеж“, театарска претстава и рекреативна прошетка во Крушево.

    Највозрасните ќе имаат можност да учествуваат и во музичко-забавна програма, заедничка подготовка на зимница со учениците од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, како и на хуманитарен базар во Старата скопска чаршија.

    Од Црвениот крст информираат дека услугата се спроведува со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Град Скопје, а месечно опфаќа повеќе од 1.500 корисници во дневните центри за стари лица.

    Целта е да се обезбеди поголема поддршка за повозрасните граѓани, да се намали нивната осаменост и да се поттикне нивното активно учество во општествениот живот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мали борци кои се борат од првиот ден – До 700 бебиња годишно се раѓаат предвреме во Македонија

    16.11.2026 во 08:40

    Мајката на претепаната Сара бара правда: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија”

    16.11.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.