Close Menu
Press24
    Најново

    Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите

    16.11.2026 во 08:10

    Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа

    16.11.2026 во 08:08

    Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?

    16.11.2026 во 08:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите
    • Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа
    • Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?
    • Дождот се враќа, но тоа не е единствената промена: УХМР со најава за неделава
    • ВРЕДИ: Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура
    • Од рано наутро до попладне без струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа
    • Семејното насилство не запира: 15 пријави за 24 часа, меѓу жртвите и малолетник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите

    Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите

    16.11.2026 во 08:101 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, но коловозите на повеќето делници се претежно влажни, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

    Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

    Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март 2027 година, без оглед на временските услови.

    Возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска ризикуваат парична казна од 45 евра во денарска противвредност, односно околу 2.770 денари.

    Возачите се повикуваат да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при возење низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони.

    Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа

    16.11.2026 во 08:08

    Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?

    16.11.2026 во 08:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.