Close Menu
Press24
    Најново

    Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите

    16.11.2026 во 08:29

    Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица

    16.11.2026 во 08:25

    Скандал ја тресе Бугарија: Ива Михаилова откри притисоци од бугарската тајна служба

    16.11.2026 во 08:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите
    • Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица
    • Скандал ја тресе Бугарија: Ива Михаилова откри притисоци од бугарската тајна служба
    • Искра Хаџи Василева седнува во директорската фотелја на ОЈО ГОКК
    • Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите
    • Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа
    • Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?
    • Дождот се враќа, но тоа не е единствената промена: УХМР со најава за неделава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите

    Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите

    16.11.2026 во 08:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка започна постапка за продажба на доминантниот акционерски пакет во „Алта банка“ АД Битола, со цел да се најде нов сопственик кој ќе обезбеди услови за стабилно продолжување на работењето на Банката.

    Предмет на продажбата се 372.742 обични акции, што претставуваат 95,336 проценти од вкупниот број акции. Тие се во сопственост на „Алта банка“ АД Белград, која е во стечај.

    Продажбата ќе се реализира преку Македонската берза на хартии од вредност, по принципот „сè или ништо“, односно заинтересираните инвеститори ќе мора да го купат целиот понуден пакет, без можност за делумно преземање на акциите.

    Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година, со почетна цена од 3.777 денари за една акција.

    Од Народната банка информираат дека доколку не се најде купувач на првата аукција, продажбата ќе продолжи на 1, 2, 3, 4 и 7 декември. При секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10 проценти во однос на претходната.

    Заинтересираните инвеститори имаат рок до 19 ноември 2026 година да поднесат барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката. Потребно е и да достават писмена изјава дека располагаат со средства за купување на акциите.

    Право на учество во аукциите ќе имаат само инвеститорите кои ги исполнуваат законските услови.

    Од Народната банка посочуваат дека со оваа постапка се прави обид да се обезбеди нов сопственик, да се создадат услови за натамошно функционирање на Банката и да се заштитат интересите на штедачите и останатите клиенти.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Ужас во Македонија: Ја претепал девојката до бесвест и ја оставил на улица

    16.11.2026 во 08:25

    Скандал ја тресе Бугарија: Ива Михаилова откри притисоци од бугарската тајна служба

    16.11.2026 во 08:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.