Close Menu
Press24
    Најново

    Пожар проголта зграда на популарен туристички остров: 11 лица загинаа, меѓу нив осум жени

    16.11.2026 во 09:27

    Трагедија во Македонија: Млада докторка загина во сообраќајка, колегите се простуваат од неа

    16.11.2026 во 09:14

    Денеска е Свети Георгиј: Започнуваат „волчјите денови“, еве кои обичаи ги почитувале нашите предци

    16.11.2026 во 09:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пожар проголта зграда на популарен туристички остров: 11 лица загинаа, меѓу нив осум жени
    • Трагедија во Македонија: Млада докторка загина во сообраќајка, колегите се простуваат од неа
    • Денеска е Свети Георгиј: Започнуваат „волчјите денови“, еве кои обичаи ги почитувале нашите предци
    • Нови цени на горивата од полноќ
    • Дневен хороскоп: Новата недела носи пресврти за три хороскопски знаци
    • ФОТО: Стевче Јакимовски закрепнува по лекарска интервенција
    • Тажна вест: Замина професорот кој ги создаде „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“
    • Европската комисија повторно со забелешки за Македонија, Собранието отвора дебата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожар проголта зграда на популарен туристички остров: 11 лица загинаа, меѓу нив осум жени

    Пожар проголта зграда на популарен туристички остров: 11 лица загинаа, меѓу нив осум жени

    16.11.2026 во 09:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во раните утрински часови, разорен пожар зафати магацин за бензин и четирикатна зграда на тајландскиот туристички остров Пукет, при што животите ги загубија 11 лица, а 16 други беа повредени, соопштија локалните власти.

    Според информациите објавени од „Бангкок пост“, огнената стихија на патот Фангмуанг Саи Кор избувнала околу 3:15 часот, откако експлодирал трансформатор до пристаништето, а пламенот зафатил диспензер за гориво пред бизнис за изнајмување мотоцикли. Огнот брзо се проширил на четири соседни продавници, а на пожарникарите им биле потребни околу два часа за да ја стават ситуацијата под контрола.

    Од Канцеларијата за односи со јавноста во Пукет појаснија дека во објектот биле складирани бензин и лубриканти, додека работниците живееле на горните катови од зградата. Меѓу жртвите има осум жени и тројца мажи, додека повредени се 12 жени и четири мажи.

    Командантот на полицијата во Пукет, генерал-мајор Сурачаи Суксаи, изјави дека полицијата има снимки од безбедносните камери и сведоци и веќе ја исклучила можноста за палење.

    Гувернерот на Пукет, Чотенарин Кердсом, изјави дека првичната истрага покажала дека веројатно се случил краток спој на столб на трафостаница пред продавницата за мотоцикли за време на бурата.

    Прочитај повеќе

    Добри вести за пензионерите – од декември пензиите се зголемуваат

    15.11.2026 во 13:24

    Мета казнета со 805 милиони евра – Фејсбук пристапувал до фотографии и видеа од телефоните на корисниците

    15.11.2026 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.