Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најави вонредна прес-конференција за медиумите која ќе се одржи денеска со почеток во 14:00 часот.
Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, лоцирани во Палатата „Д-р Христо Татарчев“ на Плоштад ВМРО бр. 1.
Според партиската најава, прес-конференцијата претставува реакција на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а пред новинарите ќе се обрати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

