Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19 октомври 2026 година.
Од полноќ, односно од 27 октомври од 00:01 часот, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари по литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 0,694 ден/кг.
Согласно новата одлука, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 91,00 (денари/литар)
- ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 93,00 (денари/литар)
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,00 (денари/литар)
- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 110,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 54,273 (денари/килограм)
Промените доаѓаат како резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување во просек за 8,120%, екстра лесното масло за 0,074%, додека дизелот забележа раст од 0,404%, а мазутот од 2,060%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3292%.
Во одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за Еуродизел од 10%, како и намалениот износ на акцизата од 4,00 денари по литар за бензините и дизелот. Од РКЕ напоменуваат дека трговците на големо и мало можат да ги формираат цените и пониско од највисоките утврдени гранични износи.

