Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од четврток лична карта и возачка на мобилен – започнува примената на електронскиот паричник
    • Дождот ќе преминува во снег, потоа стабилизација, па повторно пресврт на времето
    • Манасиевски: Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија
    • Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија
    • Апсење во Охрид: Приведени тројца крадци, ги транспортирале украдените предмети со мопеди
    • Русија се огласи по поразот на Вучиќ на изборите: За танго се потребни двајца
    • Срдановиќ по победата на изборите: Ќе градиме поинаква Србија и подобри односи со соседите
    • Силен ветер низ Македонија: УХМР издаде метео аларм
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од четврток лична карта и возачка на мобилен – започнува примената на електронскиот паричник

    Од четврток лична карта и возачка на мобилен – започнува примената на електронскиот паричник

    26.10.2026 во 12:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од овој четврток започнува официјалната примена на електронскиот паричник, со што граѓаните ќе добијат можност да ги чуваат својата лична карта и возачка дозвола директно на нивните мобилни телефони.

    Официјалната промоција на апликацијата е закажана за среда, 28 октомври. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека станува збор за безбедно решение со висок степен на заштита на личните податоци.

    Корисниците нема да мора да ги откриваат сите свои податоци, како што тоа го правиме сега кога ги покажуваме пластичните лични карти или возачките дозволи. На пример, кога сакате да се легитимирате во банка, бар или друг локал, нема да мора да ги покажувате сите податоци од личната карта. Ќе можете сами да изберете кои податоци сакате да ги споделите, на безбеден начин. Податоците ќе се споделуваат преку QR-код, кој се генерира за еднократна употреба. Кодот се скенира, а другото лице ги добива податоците само доколку вие го дозволите тоа. По 10 до 15 секунди, QR-кодот истекува и не може повторно да се употреби. Многу внимание посветивме на безбедноста – појаснува Андоновски.

    Според министерот, воведувањето на мобилниот паричник претставува прв чекор кон целосно усогласување со европските стандарди за дигитална идентификација.

    Ова е почеток на еден процес што треба да нè доведе до европскиот дигитален паричник, кој ќе значи целосна дигитализација на документите. Ова е одличен почеток затоа што основните податоци од личната карта и возачката дозвола ќе им бидат достапни на граѓаните. Се надевам дека паралелно со развојот на мобилниот паричник, ќе додаваме и нови услуги, можности и документи за граѓаните – изјави денеска Андоновски пред почетокот на панел-дискусијата „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“, што се одржа во просториите на ИНОФЕИТ ЕДИХ во Скопје.

    Прочитај повеќе

    Дождот ќе преминува во снег, потоа стабилизација, па повторно пресврт на времето

    26.10.2026 во 12:12

    Манасиевски: Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија

    26.10.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.