Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДС: Двојно повеќе деца-жртви, над 50 проценти повеќе деца престапници во 2025-та
    • Тешко повреден 17-годишен мопедист, возачот на автомобилот побегнал од местото на несреќата
    • Шасивари се сретна со вршителот на должност во амбасадата на Катар, се разговараше за соработка во правосудството
    • Падна цената на нафтата
    • Андоновски: Работна група изработува план за заштита на податоците на осигурениците и системите
    • Од четврток лична карта и возачка на мобилен – започнува примената на електронскиот паричник
    • Дождот ќе преминува во снег, потоа стабилизација, па повторно пресврт на времето
    • Манасиевски: Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДС: Двојно повеќе деца-жртви, над 50 проценти повеќе деца престапници во 2025-та

    ДС: Двојно повеќе деца-жртви, над 50 проценти повеќе деца престапници во 2025-та

    26.10.2026 во 13:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За 118 проценти е зголемен бројот на деца жртви евидентирани во судовите, додека бројот на деца сторители на прекршоци пораснал за 54 проценти во споредба со претходната година.

    Ова го покажува Годишниот извештај на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата за 2025 година, кој открива и сериозни слабости во институционалната заштита на децата.

    Според податоците, Министерството за внатрешни работи во текот на минатата година евидентирало 694 деца жртви на кривични дела, јавните обвинителства 629, судовите 404, а центрите за социјална работа 334.

    Најголем пораст во споредба со 2024 година е регистриран во судовите, каде бројот на евидентирани деца жртви е повеќе од двојно зголемен. Расте и бројот на деца сторители на прекршоци. Во 2025 година нивниот број бил за 54 проценти повисок отколку во 2024 година, иако останува за 31 процент понизок во споредба со 2023 година.

    Во текот на годината до основните јавни обвинителства биле поднесени кривични пријави против 1.132 деца. За 384 од нив, односно 34 проценти, биле поднесени предлози за примена на санкција. Барања за поведување подготвителна постапка биле поднесени против 290 деца, од кои 272 момчиња и 18 девојчиња.

    Притвор бил определен за 14 деца, повеќе од двојно во споредба со 2024 година, кога оваа мерка била изречена за шест деца. Казна затвор добиле четири деца, додека спрема 23 деца биле изречени заводски воспитни мерки. Од нив, 11 биле упатени во воспитна установа, а 12 во воспитно-поправен дом.

    Извештајот открива и сериозни недостатоци во постапувањето на полицијата со малолетниците. Во целата држава има само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици. Во нив во текот на 2025 година биле сослушани само 16 деца, односно 1,2 проценти од повиканите.

    Дополнително, само 49 проценти од децата повикани во полиција го оствариле правото на бранител. Иако станува збор за подобрување во споредба со 2024 година, кога процентот изнесувал 32 проценти, повеќе од половина од децата останале без остварено право на правна одбрана. Слабости се констатирани и во примената на механизмите за вонсудско решавање на постапките. Во текот на минатата година медијацијата успешно завршила кај само едно дете, додека јавните обвинителства воопшто не упатиле деца на медијација. Државниот совет предупредува дека недоволната примена на алтернативните мерки и ресторативната правда може да придонесе за секундарна виктимизација на децата.

    Проблем останува и превенцијата на локално ниво. Од 80 општини во државата, само 25 доставиле информации за формирањето и работата на општинските совети за превенција на детско престапништво. Само четири општини – Тетово, Охрид, Куманово и Пехчево – ја исполниле законската обврска за доставување годишен извештај за својата работа. Државниот совет предупредува дека голем дел од општините воопшто немаат формирано вакви совети, додека дел од постојните се нефункционални.

    Дополнителен проблем е и неусогласената евиденција меѓу институциите, поради што се бара воспоставување единствен и поефикасен систем за следење на состојбата со децата жртви, децата во ризик и децата во судир со законот.

    Прочитај повеќе

    Тешко повреден 17-годишен мопедист, возачот на автомобилот побегнал од местото на несреќата

    26.10.2026 во 12:55

    Шасивари се сретна со вршителот на должност во амбасадата на Катар, се разговараше за соработка во правосудството

    26.10.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.