Малолетник од Гостивар бил повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18:30 часот на улицата „Браќа Ѓиновски“, по што вториот учесник во несреќата го напуштил местото на настанот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајката учествувале патничко возило и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 17-годишникот.
Повредениот малолетник бил веднаш пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му била укажана лекарска помош и му биле констатирани повреди.
При полициските проверки на терен било утврдено дека 17-годишникот го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.
По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, против малолетниот возач е поднесена соодветна пријава за безобѕирно управување со моторно возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

