Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки
    • Поевтинуваат бензините од полноќ: Ова се новите цени на горивата
    • ДС: Двојно повеќе деца-жртви, над 50 проценти повеќе деца престапници во 2025-та
    • Тешко повреден 17-годишен мопедист, возачот на автомобилот побегнал од местото на несреќата
    • Шасивари се сретна со вршителот на должност во амбасадата на Катар, се разговараше за соработка во правосудството
    • Падна цената на нафтата
    • Андоновски: Работна група изработува план за заштита на податоците на осигурениците и системите
    • Од четврток лична карта и возачка на мобилен – започнува примената на електронскиот паричник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

    Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

    26.10.2026 во 13:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница има за цел да обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

    На седницата, социјалните партнери дискутираа за животниот стандард на граѓаните, при што фокусот беше ставен врз просечната потрошувачка кошница изготвена од ресорното министерство.

    „Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата. Податоците треба да ни служат како основа за носење одговорни одлуки и мерки што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард и заштита на куповната моќ на граѓаните“, нагласи министерот Дурмиши.

    Според официјалните податоци, просечната потрошувачка кошница за септември 2026 година изнесува 58.117 денари за четиричлено домаќинство. Ова претставува намалување од 358 денари (0,6%) во споредба со август, додека во однос на јануари годинава вредноста е зголемена за 1.736 денари (3,1%).

    Методологијата опфаќа 11 категории на трошоци и 101 прехранбен производ, користејќи податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, цени од 23 пазари, како и од пет големи и три регионални трговски синџири. Во однос на разликите со другите пресметки, Дурмиши посочи дека тие произлегуваат од различната структура и опфат.

    „Различните пресметки не треба да бидат причина за меѓусебно оспорување, туку поттик за конструктивна дискусија и креирање политики засновани на релевантни податоци. Ниту една статистика не може да ја замени реалната грижа за куповната моќ, економската сигурност и достоинствениот живот на граѓаните“, истакна Дурмиши.

    Покрај кошницата, на ЕСС се отворија и прашањата за неработните денови, работата во недела, четиридневната работна недела и пензискиот стаж.

    „Економско-социјалниот совет е местото каде што ги слушаме аргументите на синдикатите, работодавачите и институциите. Нашата определба е преку отворен и конструктивен социјален дијалог да доаѓаме до решенија што ќе ги штитат правата на работниците, ќе обезбедат предвидливост за работодавачите и ќе придонесат за подобар животен стандард“, порача министерот Дурмиши.

    Прочитај повеќе

    Поевтинуваат бензините од полноќ: Ова се новите цени на горивата

    26.10.2026 во 13:02

    Падна цената на нафтата

    26.10.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.