Изградбата на клучката кај Момин Поток е речиси при крај, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку видеообјава на Фејсбук.
Како што наведува Ѓорѓиевски, по преземањето на функцијата биле завршени експропријациите што го кочеле проектот, по што градежните активности продолжиле забрзано за скопјани да ја добијат оваа клучна сообраќајна врска.
На мостот веќе се поставува асфалт и се гради последниот од вкупно петте моста, а откако едната коловозна лента е веќе асфалтирана, следуваат асфалтирање на другата лента, поставување на завршниот слој асфалт и изградба на уште еден кружен тек.

