Close Menu
Press24
    Најново

    Какви предизвици носи мајчинството денес? Панел-дискусија во Скопје

    25.11.2026 во 08:38

    Експерти од „Microsoft“ и „NVIDIA“ на конференција во Скопје

    25.11.2026 во 08:35

    Македонија мрзне, измерени -10 степени: Ова се најстудените места утрово

    25.11.2026 во 08:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Какви предизвици носи мајчинството денес? Панел-дискусија во Скопје
    • Експерти од „Microsoft“ и „NVIDIA“ на конференција во Скопје
    • Македонија мрзне, измерени -10 степени: Ова се најстудените места утрово
    • Скопје домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – Жените во фокусот
    • Поддршка за лицата со попреченост и ранливите категории, експерти на заедничка конференција
    • Исклучување во 9 часот – Ќе снема вода во дел од Скопје
    • Нема струја од рано наутро – Исклучувања во делови од Скопје
    • Ново училишно здание во Бутел – Мицкоски ќе присуствува на отворањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Какви предизвици носи мајчинството денес? Панел-дискусија во Скопје

    Какви предизвици носи мајчинството денес? Панел-дискусија во Скопје

    25.11.2026 во 08:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Мајчинството – предизвик на 21 век“, во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

    На дискусијата ќе учествуваат жени од различни општествени, професионални и духовни сфери, кои ќе ги споделат своите искуства и ставови за предизвиците со кои се соочуваат мајките во современото општество.

    Целта на настанот е да се поттикне размена на мислења и искуства за мајчинството, како и да се зголеми свеста за потребата од поголемо разбирање и поддршка на улогата на жената и мајката.

    Програмата предвидува два тематски панели. Првиот, „Општествено реализирани жени-мајки“, ќе ги опфати искуствата на пратенички, претставнички на државните институции и жени од бизнис-секторот.

    Вториот панел, „Мајчинството низ призмата на верските заедници“, ќе се фокусира на духовните и верските аспекти на мајчинството, со учество на претставнички од црквите, верските заедници и религиозните групи.

    Од Комисијата посочуваат дека мајчинството претставува не само лична и семејна одговорност, туку и значајна општествена вредност која заслужува внимание, почит и поддршка.

    Преку оваа иницијатива организаторите имаат цел да ги афирмираат мајчинството, семејството и достоинството на жената во современото општество.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Експерти од „Microsoft“ и „NVIDIA“ на конференција во Скопје

    25.11.2026 во 08:35

    Македонија мрзне, измерени -10 степени: Ова се најстудените места утрово

    25.11.2026 во 08:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.