Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: „Да го исчистиме Скопје заедно, а секој ден да го чуваме”

    25.11.2026 во 09:14

    Важно известување за фирмите што имаат сметки во „Алта банка“

    25.11.2026 во 09:03

    Не реагирајте на прва: Денешниот хороскоп носи многу мисли и важни одлуки

    25.11.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: „Да го исчистиме Скопје заедно, а секој ден да го чуваме”
    • Важно известување за фирмите што имаат сметки во „Алта банка“
    • Не реагирајте на прва: Денешниот хороскоп носи многу мисли и важни одлуки
    • СДСМ: Не смее да има заштита за одговорните во случајот со Алта банка
    • „Ќе ти дадам 300 евра да не пријавуваш“ – скопјанка обвинува дека жена и го удрила детето на пешачки
    • Прегазена жена во Скопје
    • Молитва, пост и добри дела: Се празнува Свети Јован Милостив
    • Какви предизвици носи мајчинството денес? Панел-дискусија во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: „Да го исчистиме Скопје заедно, а секој ден да го чуваме”

    Ѓорѓиевски: „Да го исчистиме Скопје заедно, а секој ден да го чуваме”

    25.11.2026 во 09:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Големата акција за чистење на Скопје продолжува денеска на повеќе од 50 локации низ градот, со учество на волонтери, јавните претпријатија, градоначалниците на општините, ученици и граѓани.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати повик до граѓаните да се приклучат, да изберат локација во својата општина и да ги мотивираат и соседите да учествуваат во акцијата.

    „Заедно со волонтерите, јавните претпријатија, градоначалниците, учениците и сите што го сакаат Скопје излегуваме на терен. Изберете локација во вашата општина и повикајте некој од соседите да дојде со вас. Да почнеме од паркот каде што си играат нашите деца, од улицата по која секое утро одиме на работа, од маалото што го викаме дома“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

    Акцијата е дел од редовните активности за одржување на хигиената во градот, кои се организираат секоја втора недела во месецот.

    Градоначалникот порача дека грижата за чистотата не треба да заврши со организираните акции, туку да стане секојдневна навика и одговорност на секој граѓанин.

    „Заедно да го исчистиме Скопје, а секој ден да го чуваме“, порача Ѓорѓиевски.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Важно известување за фирмите што имаат сметки во „Алта банка“

    25.11.2026 во 09:03

    СДСМ: Не смее да има заштита за одговорните во случајот со Алта банка

    25.11.2026 во 09:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.