57-годишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.
Несреќата се случила на 23 ноември, околу 17:10 часот, кога 65-годишен маж од селото Сопиште, управувајќи автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, удрил во жената.
Повредената била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

