Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (18.11.2026 година) без напојување со електрична енергија ќе останат повеќе корисници во неколку скопски општини, информираат надлежните служби.
Во Општина Петровец, во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат потрошувачите на улица „Петровец“ (отцепот спроти ТС „Ражаничино 4“), поради замена на два столба.
Во Општина Аеродром, од 08:30 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат дел од корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, поточно на потегот од „Зур маркет“ до крајот на слепата улица.
Во Општина Гази Баба (Синѓелиќ), од 08:30 до 13:30 часот, без електрична енергија ќе останат потрошувачите на дел од улицата „Методија Андонов Ченто“ и „Делта Пром“, поради чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во каблите и трансформаторите.
Во Општина Центар се најавени два прекини. Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ бр. 46. Дополнително, во периодот од 11:00 до 12:00 часот, без напојување ќе останат корисниците на улицата „Франклин Рузвелт“ броевите 50, 52, 62 и 68 (цели згради и сите деловни објекти), како и дел од улицата „Орце Николов“ броевите 147А, 147Б и 149 и дел од улицата „Благој Давков“.
Во Општина Зелениково, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе остане делот од селото Пакошево кон Зелениково.

