Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп: САД ги проверуваат информациите за можен ирански план за напад со „валкана бомба“ во Вашингтон

    17.11.2026 во 15:48

    Уапсен раководител во Дирекцијата за заштита и спасување за примање поткуп

    17.11.2026 во 15:33

    Наскоро тендер за изведувач за доградба на зградите кај Ректоратот кои ќе ги користи ФИНКИ, најави министерката Јаневска

    17.11.2026 во 15:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: САД ги проверуваат информациите за можен ирански план за напад со „валкана бомба“ во Вашингтон
    • Уапсен раководител во Дирекцијата за заштита и спасување за примање поткуп
    • Наскоро тендер за изведувач за доградба на зградите кај Ректоратот кои ќе ги користи ФИНКИ, најави министерката Јаневска
    • Тетово: 56-годишна жена тешко повредена откако во неа удрил автомобил на булеварот „Илинденска“
    • Уапсен 18-годишник за лажна дојава за бомба во училиште во Македонија
    • Сиљановска-Давкова за родово базираното насилство: Законските измени не се доволни, потребна е итна и широка општествена акција
    • Зајкова: Како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“
    • Фатени на дело при бесправна сеча во Мешеишта: Одземени дрва и две возила без таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: САД ги проверуваат информациите за можен ирански план за напад со „валкана бомба“ во Вашингтон

    Трамп: САД ги проверуваат информациите за можен ирански план за напад со „валкана бомба“ во Вашингтон

    17.11.2026 во 15:481 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави сериозно ги проверуваат информациите за наводен ирански план за напад во Вашингтон со таканаречена „валкана бомба“, додека официјален Техеран ги отфрли ваквите наводи како неосновани.

    Според извештајот на Си-ен-ен, кој се повикува на изјави од седум американски функционери, Иран наводно разработува опции за напад врз високи претставници на администрацијата на Трамп во американскиот главен град. Како можни сценарија во извештајот се наведуваат употреба на радиолошка направа или хемиско оружје.

    Сепак, меѓу американските функционери не постои усогласена проценка за тоа дали Техеран навистина поседува капацитет и намера да реализира ваква операција. Од таму посочуваат дека самото разгледување на хипотетички сценарија не значи и донесена одлука за извршување напад.

    Претходно и Белата куќа соопшти дека будно ги следи сите потенцијални закани, но нагласи дека во моментот не постои веродостојна закана по безбедноста на американската територија. Денеска реагираше и портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, кој целосно ги отфрли обвинувањата оценувајќи ги како неосновани.

    Инаку, „валканата бомба“ претставува направа која користи конвенционален експлозив за распрскување радиоактивен материјал. Иако не предизвикува нуклеарна експлозија, нејзината употреба може да доведе до радиоактивна контаминација, потреба од масовни евакуации и сериозни нарушувања во погодената област.

    Прочитај повеќе

    Познат идентитетот на загинатиот српски пилот: Горан Булајиќ во 2014 со чамец спаси над 150 луѓе во Обреновац

    17.11.2026 во 12:18

    Голем пожар во рафинерија на „Газпром“ во Русија по наводен напад со украински дронови

    17.11.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.